|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Во организација на ОПЕН – партнери за развој
Промовиран Прирачникот за активно граѓанско учествоВо рамките на 4 Саем на НВО, ОПЕН – партнери за развој, го промовираа Прирачникот за активно граѓанско учество. Прирачникот носи наслов Вовед во активното граѓанско учество, а за него зборуваше Кристина Хаџи-Василева, промоторот на ова издание: “Активното граѓанско учество значи самостојно донесување одлуки на граѓаните. |  |
Програми за намалување на штети во правец на превенција на ХИВ/СИДА кај лица зависни од дроги
Интравенозна злоупотреба на дроги најопасна !Дури 60% од новозаразените особи со ХИВ вирусот во Европа и Азија се зависници од дроги кои психоактивните супстанци, најчесто хероинот, ги злоупотребуваат со интравенозно инјектирање. |  |
Панел: Влијанието на граѓанскиот сектор врз економскиот развој на Македонија Организатор ЕЦМП - НВО мрежа за подобрување на меѓуетничките односи во РМ - Иницијативи за развој на општеството
Фокусот на интересирање од меѓуетнички односи се префрла на економски развојНа 13 декември во Скопје ќе се формира сојуз на здруженијата на граѓаните - Иницијативи за равој на општеството (ИРО) „Влијанието на граѓанскиот сектор врз економскиот развој на Македонија“ на првиот ден на саемот на НВО се одржа панел во организација на ЕЦМП – НВО мрежа за подобрување на меѓуетничките односи во РМ - Иницијативи за развој на општеството. |  |
Промоција на програма во организација на ФИООМ
Правата на малцинствата во практика во Република МакедонијаПромотори: Хајрие Ахмед, Сретен Коцески, Гоце Тодоровски Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) на првиот ден од 4 Саем на НВО ја промовира програмата Правата на малцинствата во практика во Република Македонија.
|  |
Стратегии за одржливост на граѓанскиот сектор во Македонија
МОЖЕМЕ ЛИ БЕЗ НАДВОРЕШНО ФИНАНСИРАЊЕМакедонските граѓански организации во моментов се зависни од странските донации. Тие малку или воопшто не прибираат средства од алтернативни извори. |  |
Разговор со Федор Черне од владата на Република Словенија за улогата на невладиниот сектор во евроинтеграциите
Невладин сектор како едукатор на граѓанитеФедор Черне кој во владата на Словенија е во делот задолжен за евроинтеграциите беше еден од учесниците на презентацијата за членството на Словенија во ЕУ како фактор за јакнење на граѓанските организации. |  |
Пленарна сесија: Организатор: Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО)
Граѓанско образование - чекор поблиску до европската интеграција“Проектот е пример за развој на граѓанското образование и за соработка меѓу граѓанскиот и владиниот сектор” Во организација на Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), на 4 Саем на НВО – форум на граѓанското општество во Македонија, во периодот од 13:00 до 14:30 часот, во Управната зграда на Скопскиот саем се одржа пленарна сесија на темата “Граѓанско образование - чекор поблиску до европската интеграција”. |  |
Улогата на граѓанското општество во процесот на приближување кон Европската Унија
Сектор кој треба да менаџира со евроинтеграциитеГраѓанскиот сектор е сектор кој треба да го обезбеди потребниот консензус - педесет плус еден процент гласови на граѓаните кои ќе гласаат за влез во ЕУ, како што впрочем тоа го сториле и жителите на сите земји кои се веќе дел од оваа заедница, истакна Радмила Шеќеринска |  |
Отворен четвртиот форум на граѓанското општество во Македонија во Скопје
Форумот како можност за поглед во иднината‘’Четвртиот форум на граѓанското општество ќе биде свртен кон иднината, без непотребни ретроспективи и интроспекции на македонското општество. Форумот ќе биде насочен пред се кон прашањето како Македонија во 2005 година да стане земја кандидат за Европска Унија, затоа што сметаме дека членството во ЕУ е иднина на нашата земја.’’ |  |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|