|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Пленарна сесија: Организатор: Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО)
Граѓанско образование - чекор поблиску до европската интеграција
“Проектот е пример за развој на граѓанското образование и за соработка меѓу граѓанскиот и владиниот сектор” Во организација на Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), на 4 Саем на НВО – форум на граѓанското општество во Македонија, во периодот од 13:00 до 14:30 часот, во Управната зграда на Скопскиот саем се одржа пленарна сесија на темата “Граѓанско образование - чекор поблиску до европската интеграција”.
Под овој наслов МЦГО во претходните години го спроведуваше истоимениот проект во соработка со Католичките служби за помош (ЦРС) и со Министерството за образование и наука.
Горица Мицковска, советник во Одделението за оценување при Министерството за образование и наука беше првиот излагач на темата, а и самата била дел од проектот на МЦГО. “Соработката со МЦГО, односно со ЦРС и со државните институции, односно Министерството за образование и наука, е пример како треба да соработуваат граѓанскиот и владиниот сектор. Значи, кога донесувавме одлуки што и како треба да изучуваат учениците за граѓанското образование, тоа го сторивме сите заедно. Граѓанското општество е дел од образовниот систем во сите земји на Европската Унија, а заедно и со граѓанскиот сектор, и со наставниците и со учениците и со родителите, увидовме дека нема никакви пречки да почнеме да ја изучуваме таа проблематика и во нашиот образовен систем”, потенцира Мицковска.
Лилјана Ѓорѓиовска, советник во Педагошкиот завод и еден од излагачите на оваа сесија, нагласи дека е добро што со овој проект на МЦГО не се променила свеста само кај родителите и кај наставниците, туку и кај самите советници, зашто и тие се дел од повеќегодишниот проект на МЦГО.
Професорот на Педагошкиот факултет од Скопје, Владо Тимовски, во своето излагање на сесијата, појасни: “Денес работиме на повеќе дилеми – училиштето и религијата, училиштето и информатиката, училиштето и екологијата, училиштето и политичките ангажмани… А, училиштето ја има мисијата да иницира свест за демократско истражување”.
Марија Милошевска, раководител на Одделението за наука за мир при Министерството за образование и наука, како последен излагач, потенцира тека граѓанскиот концепт на образование не е нешто ново во земјава, зашто тоа е запишано и во првиот асномски устав на Македонија.
Организаторот на сесијата и спроведувач на проектот за граѓанско образование, МЦГО, и излагачите, на крајот беа согласни во едно – иако проектот е завршен, со процесот на граѓанско образовани не треба да се запре, туку сите заедно треба да продолжат да го работат истото.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|