|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Отворен четвртиот форум на граѓанското општество во Македонија во Скопје
Форумот како можност за поглед во иднината
‘’Четвртиот форум на граѓанското општество ќе биде свртен кон иднината, без непотребни ретроспективи и интроспекции на македонското општество. Форумот ќе биде насочен пред се кон прашањето како Македонија во 2005 година да стане земја кандидат за Европска Унија, затоа што сметаме дека членството во ЕУ е иднина на нашата земја.’’
Ова го истакна Сашо Клековски, извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка на денешното отворање на Четвртиот форум на граѓанското општество на Македонија во Скопје.
‘’Се разбира дека членството во Европска Унија не зависи само од решавањето на политичките прашања туку и од економскиот развој на земјата , а малите и средните претпријатија се и тоа како влијателен фактор за брзиот економски развој ‘’, рече на отворањето Венко Глигоров директор на ‘’Логин системи’’ кој додаде дека Законот за работни односи мора да профункционира на релација работодавач-работник по сите основи, што значи дека и едните и другите треба да ги знаат своите права, но и своите обврски.
Денешното отворање на Форумот се поклопи и со одбележувањето на Светскиот ден на лицата со посебни потреби на кои на овој форум им е даден посебен простор. “Не смееме да веруваме дека ние како единки не можеме ништо да направиме. Мораме да веруваме и да се здружуваме, само така ќе успееме’’, истакна Звонко Шаревски од Здружението за лицата со посебни потреби ‘’Полио плус’’.
Инаку, Четвртиот форум на граѓанското општество на Македонија што се одржува во халите на Скопскиот саем е составен од изложбениот дел на кој ќе се претстават 243 организации од регионот и пошироко, на форумскиот дел пак, ќе бидат организирани триесет панели, а тука се и многубројните социо-културни настани.
Форумот ќе трае до петти декември. |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|