|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Коментар Мај - месец на младоста, месец што ќе се паметиМај, месецот на пролетта, месецот на младоста (25-ти мај с$ уште многумина го паметат и го споменуваат), годинава, меѓу другото, го одбележаа два настани по-врзани со различни форми на граѓанско здружување | |
Прашања и одговори Граѓанските организации и политикатаВо предизборието, како што бивало вообичаено и порано, се јавија бранувања коишто ги засегнаа и граѓанските организации, независно од нивната волја. Па така, дел од нивните активности од претставниците на власта или на политичките партии се квалификуваат како партиски кампањи, а самите организации, како партиски обоени. Под влијание на ваквите збиднувања се наметнуваат низа прашања: Дали политичките партии ги употребуваат (злоупотребуваат) граѓанските организации и нивните лидери за остварување сопствени цели? Дали членови на граѓански организации ги користат сопствените организации за промоција на некоја партиска агенда? Дали членовите на граѓанските организации можат да бидат членови на политички партии и активно вклучени во партиската политика? | |
Во Македонија се одржа првиот Европски ден на претприемачот “НИ ТРЕБА ПОВЕЌЕ ПРТПРИЕМНИЧКИ ДУХ” албански
Оваа година за првпат во Македонија се одржа манифестацијата „Европски ден на претприемачот”. На 9 и на 10 мај, на Скопскиот саем, се одржаа 11 семинари на коишто на повеќе од 500 присутни им се обратија околу 50 говорници. На саемот на претприемништвото учествуваа 60 компании од земјите од регионот (Србија и Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина, и Македонија), како и организации за поддршка на претприемништвото.
| |
Пилот-проект за енергетска ефикасност и промоција на обновливата енергија Соларни системи во интернат и градинка во општината ЈегуновцеГраѓанската организација Проактива од Скопје на крајот на мај започна со реализирање на пилот-проектот за енергетска ефикасност и за промоција на обновливите видови енергија во тетовската општина Јегуновце.
| |
Како до успешни “мулти-култи” активности Принцип на неутралност албански
Сметајќи дека генезата на поимот неутралност нема потреба да се објасни поради тоа што е лесно разбирливо, во овој текст ќе се осврнам само на неколку аспекти на неутралноста коишто можат да придонесат за успешно реализирање меѓуетнички проекти. Значи, фокусот ќе биде на: неутралност во проектниот тим, неутралност на местото на вашата главна активност и неутралност на содржината на вашите пораки во проектот.
| |
Светски совет на црквите Изјава на Извршниот комитет за Иран за нуклеарната пролиферацијаСветскиот совет на црквите во неколку наврати го искажал својот став дека „единствената конечна заштита од нуклеарно оружје е неговата целосна елиминација” (ЕС, февруари 2004 год.), забраната и механизмот на ефикасна меѓународна инспекција и контрола (Второ заседание, 1954 год.). Договорот за нуклеарна антипролиферација (НПТ) е единствениот договор во меѓународното право којшто формално се залага за овие цели, а за ССЦ тој претставува документ од фундаментално значење којшто бара од сите земји да бидат прецизни и одлучни во исполнувањето на нивните целосни обврски од Договорот | |
Аким Штајнер, новоизбран директор на Програмата за екологија на Обединетите нации Екологијата е значаен сегмент во сите сфери на општественото живеењеАким Штајнер е новиот директор на Програмата за екологија на Обединетите нации (УНЕП), а едно од неговите последни официјални појавувања како директор на ИУЦН (Светска организација за зачувување на природата) беше на меѓународната конференција „Проценување на екосистемите и искоренување на сиромаштијата” што се одржа кон крајот на април во Копенхаген, Данска, во организација на Ком+Алијанс и данското Министерство за надворешни работи, каде и се водеше овој разговор.
| |
Погледи Последиците на Чернобилската катастрофа се сериозен сопирачки фактор во економската изградба на Украина албански
Дваесет години нe делат од страшниот датум, 26 април 1986 година, кога се случи најголемата технолошка катастрофа во историјата на човештвото - хаваријата на атомската централа во Чернобил. Много добро ги паметам првите мигови кога граѓаните на Киев дознаа за хаваријата. Постоеше големо незнаење. Со атомот немаше допир никој освен стручните лица, а тогаш се појавија новите термини: радионуклеиди, загадување со тешки метали, озрачување и др. | |
Женската мрежа ја оценува 2005 година Хрватска ги занемари воените последици врз женитеЖенската мрежа на организации на жените кои работат во Р. Хрватска во својот извештај за 2005 година ги презентира (не)реализираните очекувани поместувања на состојбите во земјата, во остварувања на родовата еднаквост. Анализирани се институционалните механизми во државата, медиумите, образованието, правата на репродукција, положбата на жените на пазарот на трудот, жените и политиката, насилството над жените, трговијата со нив | |
14 ГОДИНИ ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ – МЕЃАШИ Децата се народ кој никогаш не повел војнаДецата се посебен народ. Децата не се национални и верски војсководци. Тие се еден народ кој никогаш не извел револуција или контрареволуција, ниту пак повел војна. Децата не се ни класно ни национално прашање: децата се прашање над сите прашања.”
| |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|