Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 60

   

Прашања и одговори

Граѓанските организации и политиката

Во предизборието, како што бивало вообичаено и порано, се јавија бранувања коишто ги засегнаа и граѓанските организации, независно од нивната волја. Па така, дел од нивните активности од претставниците на власта или на политичките партии се квалификуваат како партиски кампањи, а самите организации, како партиски обоени. Под влијание на ваквите збиднувања се наметнуваат низа прашања: Дали политичките партии ги употребуваат (злоупотребуваат) граѓанските организации и нивните лидери за остварување сопствени цели? Дали членови на граѓански организации ги користат сопствените организации за промоција на некоја партиска агенда? Дали членовите на граѓанските организации можат да бидат членови на политички партии и активно вклучени во партиската политика?

Своите гледишта на дел од овие прашања ги споделија тројца лидери од граѓанскиот сектор.

 

Вистински или изнудени прашања?

Во изминатите години невладиниот сектор најчесто беше обвинуван за перење пари. Потоа, беше обвинуван дека е дел од некаков „меѓународен заговор против интегритетот и суверенитетот на Македонија”. Третото обвинување беше дека е тоа „квазиневладин сектор”, односно дека здруженијата на граѓани се инструменти на политичките партии. Сите три обвинувања зачестуваа и добиваа на сила кога здруженија и фондации групно или заеднички ќе изразеа ставови за важни политички прашања: судирот во 2001 г., корупцијата и организираниот криминал, децентрализацијата, референдумот за територијалната организација, интеграцијата во ЕУ, американското признавање на уставното име и слично. И уште нешто, се случуваше вакви непоткрепени и воопштени обвинувања да бидат изговорени и од активисти од невла­диниот сектор.

Но, последниот напад против „Меѓаши” покажа дека и прашања коишто не се доминатно политички можат да предизвикаат напад против едно здружение на граѓани коешто се држело далеку од политиката. Овој пат, нападот дојде од висок функционер во Владата и во партијата на премиерот.

Како реагиравме, односно како реагираме на ваквите обвинувања и напади? Мислам дека најчесто реагира(в)ме со помал отпор, односно одбира(в)ме да не реагираме. Става(в)ме знак на еднаквост меѓу партиското и политичкото и го одбиравме ставот којшто се сведуваше на еден вид политички аутизам. Но, нападот на Герамитчиоски е уште еден драматичен сигнал дека аполитичноста на граѓанскиот сектор не гарантира имунитет против политички/партиски напади. Дали членови на здруженијата на граѓани можат да бидат членови на политички партии и активно вклучени во партиската политика? Во принцип, одговорот е јасен: Да. Тоа човеково право, тоа го гарантира и нашиот Устав.

Но, вистинското прашање гласи: Имаат ли граѓанските здруженија регулативи и процедури со коишто ќе се оневозможи нивната злоупотреба во интерес на партиските кариери или амбициите да се биде пратеник или министер? 

Владимир Милчин, Извршен директор на ФИООМ

 

Граѓанско општество, политика и политички партии

Поставените прашања бараат интегриран одговор, иако тоа бара многу повеќе простор.  

Членство во граѓански организации и политички партии
Правото на здружување (и граѓанско и партиско) е непри­косновено човеково право и слобода. Оттука произлегува дека ова право, не смее да се ограничува.
 
Злоупотреба на граѓанските организации и нивните лидери
Овој став има вграден вредносен став дека луѓето се неспособни за самостојно расудување и можат да бидат злоупотребени и во овој случај само во еден правец, што ги става политичките партии во позиција на моќ. Јас верувам дека општо луѓето се способни за самостојно расудување и самостојно и свесно се одлучиле за поддршка на одредена вредност, интерес итн. Затоа може да говориме за употреба. 

Агенди на граѓански организации и политички партии
Човекот е политичко битие. Очекувано е луѓето, а со тоа и организациите да имаат свој став за политиката. Отсуство на став (посебно масовен) за важни прашања е полоша состојба, отколку имање став.

Кога веќе една организација има став, нормално е дека тој став за политиките ќе биде сличен на некоја политичка партија. Посебно во Македонија, каде целиот спектар на политички опции е покриен.

Во иднина ќе постои потреба граѓанските организации да застапуваат и лобираат за своите ставови и во државата, вклучувајќи и за политичките партии. Сметам дека е легитим­но граѓанска организација да влијае на агенда на политичка партија. По тоа прашање е нејасно што е нечија агенда.

Судир на интереси
Законски дозволено не мора да значи и етички. Законот говори за организации, но не и за индивидуи во организациите. Затоа е потребен чекор понатаму, а тоа е уредување судир на интереси. Покрај законските одредби, потребно е повеќето,

а посебно членовите на органите и раководствата, јавно да декларираат финансиски или управувачки поврзаности и интереси. Тоа не значи декларација на партиска припадност, туку декларација (не и забрана) на учество во раководење и во граѓанска организација и во политичка партија.

Не е важно кој кажува (и од каква позиција), туку какви аргументи има

На крајот и со постоечки или непостоечки судир на интереси, одредени агенди ќе личат на други агенди. Тогаш не е битно кој кажува и од каква позиција, туку какви аргументи има. Кога во САД се објавија фотографиите од Абу Греиб, никој не го поставил прашањето дали весникот што го објавил тоа е продемократски, туку дали фотографиите се вистинити. Не е битно дали некој е член на позиција или опозиција, туку какви аргументи има. 

Сашо Клековски, Извршен директор на МЦМС

 

“РУБИКОН” околу нас – и во нас

Почитувани читатели, си имам голема мака. Првпат по 15 години плурализам, при чиста свест и без притисок, решив да се зачленам во политичка партија. И бев дочекан на нож! Што ти требаше ваква глупост? Ти не си „валкан играч”?! Па тебе толку добро ти оди со невладинава?! Ќе ти требаат два пара кожни гаќи??? Си ставаш здрава нога во трн!!! Предавнику, тоа ли ти било целта???

Ми дојдоа дури и членови не од мојата, туку од други невладини организации да ме натераат да се „издиференцирам”. Божем импичмент ќе ми прават. О.К., може и тоа, ама прво „она”. 

Лично, многу ме нервира кога предвремено се смета дека јас треба да кажам нешто само доколку се однесува на феноменот хендикеп. Како да сум аполитичен и социјално ампутирано суштество. Како, покрај својот хендикеп, во исто време да не сум правник, татко, хакер, поет, немтур, љубен, патриот... Како да сум од друга планета меѓу сите овие земјани, кои имаат право на с$.

Од каде сево ова? Едната спрега е поврзана со хендикепот, но за неа не сакам да расправам во оваа пригода. Втората страна на медалот е она што сакам да го осветлам.

Има „теоретичари” (кафанско/кулоарски) кои тврдат дека политиката е валкана работа и со неа се занимаваат само валкани политичари и нивните послушковци. Оваа теза обично ја пуштаат оние кои веќе ја „водат” политиката, што во суштина значи „подмочување” на територија и одбрана од конкуренција во нивното трло. Демек: оставете н$ нас да се „мачиме со олку валкана работа”.             

Втората група е лоцирана во невладиниот сектор и тие својата мисија си ја гледаат како работичка и целта им е да си ја „тераат” работата исто како стариот адвокат кој цел живот не успеал да го реши спорот со оревот на меѓата од нивите на два соседа. Значи, полупаразитски менталитет нештото редовно да си се работи (и наплатува), но никогаш да не се сработи.

И одеднаш Рубикон! Без никаков доказ, увид, индиција, се промовира постоење на некаква си митска река помеѓу двата сектори (владин и невладин) и се шири фама дека секој кој ќе ја премине таа река, ја загрозува државата (индивидуално сфатена вредност со недефинирано значење).

Рубикон не постои. Јас никаде не преминав. Мојата животна мисија не е да работам во невладиниот сектор, туку да работам на изедначување на можностите за лицата со хендикеп. Дали тоа ќе биде преку наука, политика, герила, уметност, шпионажа, религија – тоа е оценка на момент и на интелект. Ако грешам – нека изгорам!

На крајот на краиштата, нели хендикепот треба да се сврти кон главните текови? Тоа е единствениот можен начин за надминување на маргинализацијата.

Да се разбереме: Никој нема право, не само да спори, туку и да запраша дали некој е член на некоја политичка партија. Нема неспојливост, а уште помалку судир на функции да си член на невладина организација и член на партија. Не е важно кој и на која страна припаѓа, туку што зборува и прави тој човек...

Јас, бидејќи не се согласувам дека постои Рубикон, не можам да се согласам дека има брегови и мостобрани на таа река. Верувам дека сите сме на истата страна и туркаме, кој колку може и знае, во насока на подобро утре – во мојов случај за лицата со хендикеп. Тоа е моја определба. Тоа е за мене политиката – Вештина на можното. 

Звонко Шаврески, досегашен претседател на Полио плус и сегашен кандидат за пратеник

 

 

 


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA