Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 60

   

Пилот-проект за енергетска ефикасност и промоција на обновливата енергија

Соларни системи во интернат и градинка во општината Јегуновце

Граѓанската организација Проактива од Скопје на крајот на мај започна со реализирање на пилот-проектот за енергетска ефикасност и за промоција на обновливите видови енергија во тетовската општина Јегуновце.

Тргнувајќи од досега стекнатите позитивни искуства, членовите на оваа организација ќе работат на подобрување на условите во три централни основни училишта - „Александар Здравковски” во Јегуновце, „Шемшево” во селото Шемшево и во училиштето „Симче Настовски” во Вратница. При планираното реновирање, во нив, како и во Интернатот за децата со посебни потреби во Вратница и во градинката во Јегуновце со силиконски ленти ќе се изолираат прозорците во училниците и канцелариите, ќе се менуваат искршените стакла и батериите за вода.

Во Интернатот ќе биде поставен и сончев систем со површина од 10 метри квадратни, а пак во градинката во Јегуновце постоечкото греење на струја ќе биде земенето со греење на гас, со две гасни печки. Градинката пред којашто стои впечатливо гнездо на штркови ќе добие и сончев систем од 4 метри квадратни. Во сите пет објекти е планирано да бидат инсталирани и енергетско-ефикасни уреди (енергетско-ефикасни сијалици, рефлектори со сензор на објектите, како и федери за затворање на вратите). Општината Јегуновце ќе добие и 100 енергетски ефикасни сијалици коишто ќе бидат поставени на канделабри за улично осветлување, како и 5 фоторелеи за приклучување на уличното осветлување.

Во исто време треба да бидат обучени и по 10 волонтери за работа на секој од објектите за примена на техниките на енергетска ефикасност и за изработка на сончевите системи. Практичната обука започнува со почетокот на јуни, а ние, на крајот на мај, имавме можност да ги видиме теоретските презентации.

„Насоката на енергетското развивање на Македонија има големо влијание врз националниот економски раст, заштитата на околината и околностите во коишто живеат граѓаните. Користењето на фосилните горива, пред с$ во енергетскиот и во транспортниот сектор, предизвикува с$ поголемо загадување на атмосферата со стакленичките гасови. Од друга страна, за многу домаќинства во Македонија месечните трошоци за енергија претставуваат највисока ставка во семејниот буџет, по ставката за храна. Во земјава постои и недоволна едуцираност на населението за заштеда на енергија. Општините во Македонија повеќе нема да можат да сметаат дека државните министерства ќе им ги плаќаат локалните трошоци и сега имаат нова и скапа одговорност да управуваат со сопствената потрошувачка на енергија.

Македонија има ограничени извори на комерцијални енергетски ресурси и во иднина с$ повеќе ќе биде зависна од увоз на енергија. Преземањето мерки за енергетска ефикасност може да го намали загадувањето на животната средина и да ја ублажи оваа зависност, да го продолжи траењето на домашните ресусри и да ја одложи потребата за инвестирање во нова енергетска инфраструктура којашто би користела фосилни горива” - потенцираат во Проактива, кои поттикнати од актуелната состојба во земјата, по посетата на неколку општини, се одлучиле за соработка со  целосно руралната општина Јегуновце, која се состои од 17 населени места, со околу 10.800 жители, од кои 53% се Македонци, 43% Албанци, 2% се Срби, а 2% отпаѓаат на други ентитети.

Пред заинтересираните жители од општината, нејзини претставници, претставници на училиштето „Александар Здравковски”, на советот на родителите, членовите на Проактива ги презентираа начините на нивната работа, обуката којашто ќе ја спроведуваат со заинтересираните, но и можноста којашто им се нуди на жителите, здобиените знаења да ги искористат во отворање мали бизниси за изолација на станбените и јавните објекти и на поставување сончеви системи. Силиконските ленти коишто се користат за изолација и се сметаат за многу ефикасни и еколошко подобни се произведуваат во Медицинска пластика во Тетово. Од таму веќе ги набавуваат и дел од членовите на еколошкото друштво Гринпауер од Велес, кои по добиената обука од страна на Проактива, отвориле приватна фирма и комерцијално работат на изолација на објекти.

А, с$ започнува во 2002 година, со меѓународниот проект „Интернационални енергетски бригади”, каде како единствена граѓанска организација учествува и Проактива, заедно со бригадири од Чешка, од Хрватска, од Русија, од Романија, од Украина, од Унгарија, од Бугарија и од Босна и Херцеговина. Обуката ја спроведувале членовите на еколошкото друштво „Енергоклуб” од Романија.

Сознанијата, пак, за можностите коишто ги нудат и за изработка на  сончевите панели, членовите на Проактива ги стекнале при реализација на зедничкиот проект „Балканските млади за обновлива енергија”, на којшто работеле заедно со организациите „Пријатели на земјата” од Галац, Романија и „Морис” од Карлово, Бугарија. Следувал и зеднички проект со организации од Хрватска и од Норвешка, при што на хрватскиот остров Шолта била одржана обука и е направен пробен мал сончев систем.

„Пилот-проектот во Јегуновце треба да покаже во кој правец понатаму ќе се реализираат ваквите проекти и во другите општини во земјава. Во него се содржани сите обуки за заштеда на енергијата и добиените резултати ќе бидат мерливи во однос на заштедената електрична и топлотна енергија. Целта на проектот е да се постигне очекуваната заштеда од 18 до 20 % енергија на годишно ниво, што за училиштата ќе значи многу, со оглед дека со децентрализацијата на власта нивното финансирање зависи од општините” – вели Владимир Карчицки, претседател на Проактива. Проект менаџерот Јован Драгановски, напоменува дека при реализација на проектите се појавуваат проблеми со очекуваното волонтерско учество.

„Во основните училишта и градинките во Скопје каде правевме изолација постоеше незинтересираност на волонтерите да дојдат и да помогнат, иако претходно за тоа и се согласија” - вели тој.

Голем проблем за сериозното разбирање на потребата од енергетска ефикасност во земјава, според Илија Саздовски, технички менаџер во проектот е ниската цена на електричната енергија, поради што голем број од граѓаните не размислуваат за нејзина заштеда.

„Во Грција, на пример, има огромен број сончеви колектори, но дали ги има и во Охрид, во Дојран, во Преспа? Ние сме земја со многу добри услови за користење на сончевата енергија, но с$ уште не правиме ништо значајно за нејзиното искористување” - вели Саздовски.   

Директорот на Централното основно училиште „Александар Здарвковски”, Костадин Тушев, во оваа прилика напомена дека е задоволен што во училиштето ќе се подобрат условите за работа. Тоа се загрева на парно-греење, но постои голем проблем со изолацијата на вратите и прозорците. Во ова училиште, кое е изградено во 1960 година, прозорците се стари, дел се искршени, а на некои места останале само единечни прозорци. Слична е состојбата и со другите училишта и со Интернатот во којшто престојуваат деца со посебни потреби.   

 





Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA