|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Како до успешни “мулти-култи” активности
Принцип на неутралност
албански
Сметајќи дека генезата на поимот неутралност нема потреба да се објасни поради тоа што е лесно разбирливо, во овој текст ќе се осврнам само на неколку аспекти на неутралноста коишто можат да придонесат за успешно реализирање меѓуетнички проекти. Значи, фокусот ќе биде на: неутралност во проектниот тим, неутралност на местото на вашата главна активност и неутралност на содржината на вашите пораки во проектот.
Пред с$, од агол на проектен циклус, неутралноста треба да се разгледа како битна компонента во сите фази на имплементацијата на еден проект. Истото не може да биде од помало значење во фазата на идентификација, а од поголемо во главната активност. Зошто? Прво, за да почнете со активности коишто ја носат идејата и духот на мултикултурализмот и вие како важен дел од приказната не треба само декларативно да докажете дека сте за таква работа, туку и тоа да го покажете со опипливи факти, кои со нивната симболика ќе ја доближат вашата целна група кон вашата цел и целта на проектот. Секоја мала симболичка пристрасност на работниот тим значи губење на довербата од страна на целната група. При составувањето на проектниот тим ние често знаеме да го занемариме фактот дека целната група со којашто работиме треба да е максимално застапена во сите фази. Ако организираме активности од меѓуетнички карактер, а нашиот проектен тим се состои од хомогена структура, тогаш сме вградиле самоуништувачки елемент којшто мора да го елиминираме. Уште повеќе, треба да сме свесни дека никој не сака да биде само бројка којашто ќе послужи за статистички податоци во проектните резултати. Колку структурата на тимот е хетерогена, а помалку или повеќе имаат еднаква моќ во донесувањето одлуки, толку повеќе вашите врати ќе бидат отворени, а со тоа и вашите успеси ќе бидат зголемени. Сето ова е во врска со еднаквоста, но е ставено во контекст на неутралноста со цел да се да докаже важноста на симболиката на нашите чинења или нечинења.
Неутралноста во однос на местото е важна од многу аспекти. Никој не би се чувствувал пријатно во место каде што делови од соопствениот идентитет и постоење се исмејуваат, уценуваат или загрозуваат, на пр. Охридскиот рамковен договор претставува еден вид процес на фацилитација и тој се потпиша во Охрид затоа што тоа место обезбедуваше минимум критериуми за елиминирање на чувствата на непријателства. Можеше да се одржи некаде во Западна Европа, но значењето на постигнатиот договор е секогаш поголемо кога страните учесници во договорот самите во свое место го решаваат својот проблем. Над сето тоа, за да се обезбеди неутралноста, внатрешната просторија исто така била средена на тој начин што симболички покажувала дека е неутрална (религиозните и патриотските слики коишто можело негативно да влијаат врз преговарачите ги немало). Значи, како што го избирате местото на вашата главна активност, вие детерминирате услови за поголема партиципација на вашата целна група.
Од друга страна, пак, сметам дека е целосно неодговорно и непрофесионално семинарите, тренинзите и нашите главни проектни активности да ги имплементираме во атрактивни туристички места. Некогаш со самиот факт што ќе земете група Албанци од западна и ги однесете во источна Македонија, вие креирате услови за доверба, а со тоа разбивате стереотипи. Неутралноста во оваа смисла може многу лесно да се обезбеди со планирање последователни активности за истата група, со променети улоги каде „домаќинот станува гостин”, но овие активности треба однапред да & се познати на групата. Така учесниците би имале директна можност да се запознаат со културата и вредностите на таа заедница којашто ја посетуваат.
Неутралноста во смисла на содржината на проектот за мене е тоа што ја детерминира успешноста на еден обучувач. По некоја чудна инерција странците многу лесно можат да обезбедат неутралност од учесниците при одржување обуки. И ова е нормален процес, а има уште поголемо значење кај нас на Балканот каде што ние многу лесно се отвораме кон нив и го искажуваме нашиот гнев, отколку што би го направиле тоа со локален обучувач. Моето објаснување за ова сметам дека е рационално и се однесува на добивање симпатии од обучувачот (странец) со убедување дека „ние сме во право!”. Но, ако зборуваме, на пример, за дијалог-сесии, мислам дека истите ќе добијат повеќекратно значење ако нив ги водат обучувачи кои се „локалци”. Го кажав тоа во множина затоа што мислам дека може еден странец да води сензитивни дијалог-сесии, но за да се води тоа од локалец, тие треба да бидат најмалку двајца професионалци кои ќе ја обезбедат неутралноста со шареноликоста на нивниот идентитет. Значи, локалните професионални обучувачи треба да имаат добро чувство за тоа што се случува околу нив, притоа истите треба да се чувствителни на принципите не еднаквост и неутралност и така тие можат да бидат извонредни поттикнувачи на разбирање, соработка и толеранција. Ова е така поради фактот што тие имаат и свои искуства и познавања на контекстот коишто можат да ги користат како „џокер” кога работите излегуваат од колосек.
Секое свесно и несвесно користење пристрасни изјави, пораки, треба да се елиминира со помош на постојана самооценка и прифаќање критики од соработниците. За штетното влијание не мора ни да се зборува, а нивното негативно влијание е уште поголемо при работа со деца на возраст во којашто тие го спознаваат светот подобро и ја креираат сопствената личност.
За принципот на неутралноста во проектите навистина би можело да се зборува многу, но јас тука ќе престанам и ќе ги искористам другите прилики да инкорпорирам по нешто од оваа тема во другите. Во следната статија ќе се осврнам на неколку проблеми коишто се појавуваат при имплементација на меѓуетнички проекти, како на пример користење јазици и превод при организирање семинари и конференции, како нешто за што многу често сум прашуван во последно време од моите колеги во ГО.
Алберт Хани,
Обучувач за менаџмент на конфликти
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| ![](images/more.gif) |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | ![](images/more.gif) |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | ![](images/more.gif) |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | ![](images/more.gif) |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | ![](images/more.gif) |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | ![](images/more.gif) |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | ![](images/more.gif) |
|
|