Иницијатива на Координативното тело за собирање на нелегалното оружје
Приклучете се на „Маршот против оружјето“Координативното тело за имплементирање на Законот за доброволно предавање и собирање на оружјето, муницијата и експлозивните направи и легализација на оружјето, денеска, на 31 октомври 2003 г., организира „Марш против оружјето“. |  |
Центар за ИКТ - Метаморгозис
„Новинарите и предизвиците што ги носи информатичкото општество“Целта на оваа работилница е развивање на свеста на новинарите за општествените услови и импликации поврзани со информациските и комуникациските технологии во Македонија, нивно едуцирање и запознавање со теми кои би можеле да ги обработуваат во својата новинарско-истражувачка работа, и на тој начин да придонесат за развој на информатичкото општество. |  |
„Перспективи“ повторно на ИнтернетАрхивата на билтенот „Перспективи“ кој што од технички причини не беше достапна он-лајн е повторно на Интернет, овој пат во склоп на сајтот Граѓански свет. |  |
ЗЖ Бисера, Охрид одбележа јубилеј
100 години Илинден – 100 години македонска државностСо организирање изложба на ракотворби и презентирање национално богатство, на 18 октомври 2003 г., Здружението на жените „Бисера“ Охрид, членка на сојузот на организациитена жените на Македонија (СОЖМ), го одбележа јубилејот 100 години Илинден – 100 години македонска државност. |  |
Публикации
„Обиколен пат на Скопје“ во издание на Еко-свестПубликацијата содржи мапи и скици во боја, анализа на еколошките фактори во областа на Волково, писма до Фондот за патишта, осврт на извештајот на независниот експерт за обиколниот пат и др. |  |
„Еко-свест“ со видеоеко-лексикон
Еко-терминологијата достапна за секогоЕко-свест започна да го спроведува својот проект Еко-лексикон, којшто оди на Македонската телевизија секоја втора среда во емисијата Ѕвон, а се емитува и репризно, во попладневните часови. |  |
„Шелтер центар – прифатилиште за жени и деца жртви на насилство“
„Женски економски развоен програм“Со активностите од овој проект ќе бидат опфатени жени жртви на насилство, жени со низок социјален статус, самохрани мајки и жени и девојки од рурални средини. Проектот е насочен кон економско јакнење на овие ранливи групи преку обезбедување услови за бесплатна едукација и обука за работа со конфекциски машини. |  |
УНДП
Обединети нации, Владата и партнерите ќе го прослават „Денот на Обединетите нации“ - 24 октомвриСКОПЈЕ, 23 октомври, 2003 година - На 24 октомври, 1945 година официјално почна да постои Организацијата на Обединетите нации. Нејзината повелба беше ратификувана од страна на Кина, Франција, Советскиот Сојуз, Велика Британија, Соединетите Американски Држави, како и повеќето од другите потписници. Секоја година на 24 октомври, Денот на Обединети нации се прославува низ светот. |  |
Од Самарјанин, Граѓански патеки и општина Старавина
Слики за Батлер, Трајковски и германската амбасадаПреку уметноста да го поддржиме враќањето на животот во Мариово, е основната идеја на организаторите на аукцијата на италијански уметнички слики чиј фонд е наменет за поддршка на проектот „Детско село-Мариово“. |  |
15 Октомври – Меѓународен ден на „белиот стап“
Светски ден на слепите лицаПод мотото „Во образованието и работата ќе ја најдеш светлината“, Сојузот на слепите на Република Македонија, на 15 октомври годинава, во своите простории во Скопје, го одбележа Меѓународниот ден на „белиот стап“– 15 Октомври, светски ден на слепите лица. |  |
НВО Саем - 3 форум на граѓанското општество во МакедонијаМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) заедно со Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Институтот за трајни заедници (ИТЗ) имаат чест да ве поканат да учествувате на 3 НВО Саем – форум на граѓанското општество во Македонија (НВО Саем). |  |
МЦМС
ПОВИК ЗА ОРГАНИЗАЦИСКА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИОрганизациската поддршка е наменета за јакнење на организацискиот и институционалниот капацитет на граѓанските организации во Македонија, за да можат истите да го зголемат своето влијание и да направат значителни промени во секторот. |  |
Форум во организација на „ДОСТА Е“
„Може ли Македонија без оружје?“Во организација на граѓанската платформа „ДОСТА Е“, во х. Панорама во Скопје, на 9 октомври се одржа Форум со наслов „Може ли Македонија без оружје?“. На средбата учествуваа претставници на граѓански организации, на владини институции и заинтересирани граѓани. Модератори беа повеќе истакнати личности и лидери на граѓански организации и на мрежи на граѓански организации, како и владини претставници. |  |
А1 телевизија
Дебата за граѓанското општество на „Чуму“Вечерва, 7.10.2003 г. во 21 часот на А1 телевизија во емисијата „Чуму - политички лајф магазин“ ќе се одржи дебата за граѓанското општество во која ќе учествуваат и Сашо Клековски, извршен директор на МЦМС, и Владимир Милчин, изврешен директор на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија. |  |
Форум на албанската жена од Тетово
Поголема застапеност на жената во институциитеФорумот на албанската жена од Тетово, во соработка со Организацијата за еманципација, солидарност и еднаквост (ЕСЕ) со седиште во Скопје, ќе отвори центар за правна помош. Овој проект има за цел да им се понуди потребната правна помош на жената, која е бесплатна. |  |
Центар за човекови права „АМОС“ – Битола
Национален тренинг-курс за едукација за човекови права со младиЦентарот за човекови права „АМОС“ од Битола, од 15 до 21 декември во Битола, ќе спроведе национален тренинг-курс за едукација за човекови права со млади, поддржан од Советот на Европа, Директоратот за млади и спорт – во рамките на Младинската програма за едукација за човекови права. |  |
СОЖМ
ПромоцииСојузот на организациите на жените на Македонија на 1 октомври оваа година ќе ја промовира книгата „Положбата и правата на вработената жена“ од проф. д-р Гзиме Старова и промоција на третата генерација студенти на Женските студии октомври-мај 2002/ 2003, како и свеченото доделување на сертификатите на алтернативните женски студии први од овој вид на овие простори. |  |
|