Коалиција сите за правично судење - Скопје Оглас за слободни работни места
Врз основа на одлуката на Програмскиот борд од 17.10.2003.година, за имплементација на проектот „Набљудување на имплементацијата на мегународните стандарди за правично судење во домашните судови ширум земјата за функционирањето на судството“, коалицијата „Сите за правично судење“ - Скопје, има потреба од вработување на:
1. Проект менаџер 2. Проект асистент
Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:
1. Проект менаџерот:
-Да е дипломиран правник -Да има најмалку три години практично искуство во правната област -Активност во НВО секторот -Добро познавање на домашното кривично и граѓанско право -Познавање на меѓународните стандарди за човекови права -Одлични организациони и комуникациски способности и можности за тимска работа -Познавање на компјутер со практично искуство во Виндоуз -Солидна писмена и усна комуникација на англиски јазик -Способност за работа со луѓе од различни националности, вери и култури
2. Проект асистентот:
-Да е дипломиран правник -Најмалку една година практично искуство -Активист во НВО секторот -Способност за тимска работа -Познавање компјутери со практично искуство во Виндоуз -Солидна писмена и усна комуникација на англиски јазик -Способност за работа со луѓе од различни националности, вери и култури.
Кратка биографија кандидатите треба да достават најдоцна до 31-ти октомври 2003 год. на адреса: Коалиција „Сите за правично судење“ - Скопје, ул.Маршал Тито бр.11/2-10.
Контакт тел. за информации: 070/ 315 535, Трајче Пеливанов.
Коалицијата ги охрабрува да аплицираат припадниците на сите етнички заедници и вери, како и припадничките од женски пол.
Коалиција "Сите за правично судење" С к о п ј е
|