„Шелтер центар – прифатилиште за жени и деца жртви на насилство“
„Женски економски развоен програм“
„Шелтер центарот – прифатилиште за жени и деца жртви на насилство“ отпочна со реализација на првиот дел од проектот „Женски економски развоен програм“.
Со активностите од овој проект ќе бидат опфатени жени жртви на насилство, жени со низок социјален статус, самохрани мајки и жени и девојки од рурални средини. Проектот е насочен кон економско јакнење на овие ранливи групи преку обезбедување услови за бесплатна едукација и обука за работа со конфекциски машини.
Овој проект е дел од стратешката програма на Шелтер центарот за 2003-2007.
„Женскиот економски развоен програм“ е поддржан од Амбасада на Република Германија, Хуманитарна единица за помош, Градското собрание на Нинберг, Германија, и Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП).
Д.М.
|