Форум на албанската жена од Тетово

Поголема застапеност на жената во институциите

Форумот на албанската жена од Тетово, во соработка со Организацијата за еманципација, солидарност и еднаквост (ЕСЕ) со седиште во Скопје, ќе отвори центар за правна помош. Овој проект има за цел да им се понуди потребната правна помош на жената, која е бесплатна.

Центарот за правна помош кој треба да се овтори наскоро ќе има бесплатни совети околу стимулот на процесот на правата на жената во напредокот и почитувањето на нејзините права. Овој центар се стреми не само да се еманципира жената, туку во прв ред да се подигне свеста на општетството за правата и обврските на жената во општеството. Жената од Тетово која се соочува со разни проблеми може да се обрати до Центарот за правна помош, биле тие да се од внатрешен семеен карактер, разводи, тортура, богатството, наследството или кога треба да се побара правна помош, помош во социјални случаи, советувања и многу други услуги кои ќе се овозможат бесплатно.
Со проектот се предвидува во Центарот за правна помош да работат еден адвокат и еден социјален работник.

Г.Ш.