Регионална соработка
Засилување на граѓанското општество на Балканот
Третата средба за партнерство на мрежата Хаб за градење капацитети се одвиваше во Фекетиќ, во близина на Нови Сад, Србија и Црна Гора, од 19 до 21 декември 2003 г. Средбата се одржа во центрите за обука на Екуменската хуманитарна организација ЕХО (Leunberg home), домаќин на средбата. Седум од 13-те партнерски организации се собраа да изготват акциски план за нивните активности во 2004 г.
Развој на соработката помеѓу НВО во Европа
Проект ДЕПАРТ: Засилување на партнерството север-југ-исток
КОНКОРД (CONCORD), ДЕЕП (DEEEP) и ТРИАЛОГ (TRIALOG), три сојузи на НВО за развој, лансираат проект кој има за цел да ги засили партнерствата и капацитетите на НВО во сегашните и идните земји од ЕУ и земјите од југот.
Е-АКТИВИЗАМ
Активист со само еден клик!
Технологијата ИТ воведува нови, евтини и ефикасни начини на кои граѓанските организации ќе им бидат достапни на обичните граѓани кои сакаат да поддржат вредни цели, но немаат пари, сила или едноставно време за тоа.
Мали грантови
Фондација Котонвуд: Мали грантови за еманципација, животна средина и културна разновидност
Фондацијата Котонвуд нуди мали грантови (1000 $) за еманципација, животна средина и културна разновидност. Фондацијата го фокусира финансирањето на потврдени организации што работат директно со целната група од целиот свет кои силно се потпираат на волонтерските напори и кај кои поддршката од фондацијата би значела многу.
Родови прашања
Студија: Насилството врз жените во транзициска Европа
Женската инфотека ги објави резултатите од истражувањето за насилството врз жените во публикацијата „Додека не престане. Насилството врз жените во транзициска Европа“. Истражувањето се вршеше во текот на февруари 2003 г. во 9 земји од источна Европа - Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Македонија, Молдавија, Србија и Црна Гора (вклучувајќи го и Косово), Словачка, и Украина.
Образование за човекови права
Напори за лансирање на втората декада од Образованието за човекови права
Главната цел на декадата ќе биде да промовира еднен поширок поглед на образованието за човекови права и да размисли за неговото интегрирање во глобалната агенда на ОН.
Обука за финансирање
Научете ефикасен начин за добивање на европските фондови
Велкомјуроп (Welcomeurope) организира дводневна обука на тема "Како да се добијат европските фондови". Обуката ќе се одржи во Париз, Франција, на 22 и 23 април 2004 година. Таа е отворена за сите акционери од јавниот, приватниот и непрофитниот сектор.
Истражување и образование
Европската истражувачка мрежа се шири на Балканот
Проектот на Мрежата за истражување и образование на Југоисточна Европа (СЕЕРЕН) го заврши проширувањето на паневропската брза истражувачка мрежа ГЕАНТ (GEANT) на балканските земји. "Новата мрежа ќе го подобри пристапот на интернет на истражувачите што е витално за овозможување целосна партиципација и интеграција на балканската истражувачка заедница во Европската истражувачка област", нагласи Ерки Ликанен, специјалниот европски пратеник за претпријатија и информациско општество на отворањето на мрежата во Солун на 3 јануари 2004 г.
Светски самит за информациското општество - Женева
НВО за прв пат на Светскиот самит на ОН
Светскио самит за информациско општество (ССИО) се одржа од 10 до 12 декември 2003 г. во Женева. НВО за прв пат добија можност да учествуваат на Самитот. Во првата фаза на Самитот беа опфатени најразлични теми од информациското општество, а исто така се усвои и Декларацијата на принципите и Акцискиот план. Планирано е втората фаза од Самитот да се одвива во Тунис, од 16 до 18 ноември 2005.
Романија
Конференција за родови прашања и (пост) јазот Исток-Запад
Проектот за граѓанско образование при Катедрата за филозофија, ББУ Клуј во Романија, организира серија работилници кои имаат за цел да му пристапат на прашањето за влијанието на јазот Исток-Запад на родовите прашања. На семинарот ќе биде организирана конференција на тема „Родовите односи и (пост) јазот Исток-Запад“, како и неколку работилници по слични прашања, кои ќе се одвиваат од 6 до 9 мај 2004 година или од 13 до 16 мај 2004 година во Клуж, Романија.
Дискриминаторки став на Грција спрема граѓанското здружување
Домот на македонската култура во Лерин остана нерегистриран
Според леринскиот суд, регистрацијата на Домот претставува опасност за јавниот ред и овозможува погоден простор за дејствување на странски агенти кои работат за постоење на непостојна македонска нација
ФИООМ
Стипендии за постипломски студии за претприемништво во Осијек
Фондацијата Институт отворено општество - Македонија ја објавува Програмата за стипендирање на постдипломски студии од областа на претприемништвото на Економскиот факултет во Осијек, Република Хрватска
ОЖГБ формира Актив на млади
Организацијата на жените на општина Гази Баба (ОЖГБ), покрај активите во месните заедници и селата Раштак, Стајковци и Огњанци, го формира и Активот на млади.
МЦМС и Балканска фондација за деца и млади
Конкурс за обука, консултации и советување
Можност за младинските организации и организациите што работат со млади да ги подобрат своите перформанси за да спроведуваат активности за зајакнување на позицијата на младите луѓе во општеството.