Родови прашања
Студија: Насилството врз жените во транзициска Европа
Женската инфотека ги објави резултатите од истражувањето за насилството врз жените во публикацијата „Додека не престане. Насилството врз жените во транзициска Европа“. Истражувањето се вршеше во текот на февруари 2003 г. во 9 земји од источна Европа - Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Македонија, Молдавија, Србија и Црна Гора (вклучувајќи го и Косово), Словачка, и Украина.
Ова истражување има за цел да определи до кој степен медиумите го покриваат проблемот на насилство врз жените, просторот кој медиумите му го отстапуваат и профилот на жртвите, извршителите на насилството и самиот чин на насилство. Публикацијата е достапна во Женската инфотека, ул. „Варшавска“ бр. 16, 10000 Загреб, Хрватска.
Т.Х.
|
|