Мали грантови

Фондација Котонвуд: Мали грантови за еманципација, животна средина и културна разновидност

 

Фондацијата Котонвуд нуди мали грантови (1000 $) за еманципација, животна средина и културна разновидност. Фондацијата го фокусира финансирањето на потврдени организации што работат директно со целната група од целиот свет кои силно се потпираат на волонтерските напори и кај кои поддршката од фондацијата би значела многу.

Фондацијата Котонвуд е целосно волонтерска организација, основана во 1992 г. Оттогаш па наваму, таа има доделено 267 грантови со вкупна вредност поголема од 234.000 американски долари. Фондацијата добива пари од поединци, други фондации и корпорации и од својот личен мал фонд. Таа доделува грантови во вредност од 500 до 1000 долари на организации што работат директно со целната група во Соединетите Држави и останати земји од светот. За повеќе информации посетете ја веб-страницата www.cottonwoodfdn.org
 

Т.Х.