Развој на соработката помеѓу НВО во Европа
Проект ДЕПАРТ: Засилување на партнерството север-југ-исток
КОНКОРД (CONCORD), ДЕЕП (DEEEP) и ТРИАЛОГ (TRIALOG), три сојузи на НВО за развој, лансираат проект кој има за цел да ги засили партнерствата и капацитетите на НВО во сегашните и идните земји од ЕУ и земјите од југот.
Посебните цели на проектот ДЕПАРТ (Development Education PARTnership) се: создавање/подобрување искрено партнерство меѓу невладините организации од Европа и од југот, вклучување на невладини организации од новите земји од ЕУ во развојните активности и активностите за подигнување на свеста, како и градење на капацитетите на НВО од новите земји-членки на ЕУ за поднесување апликации за ко-финансирање до Европската Унија, особено под буџетската линија Б7-6000.
Т.Х.
|