Светски самит за информациското општество - Женева
НВО за прв пат на Светскиот самит на ОН
Светскио самит за информациско општество (ССИО) се одржа од 10 до 12 декември 2003 г. во Женева. НВО за прв пат добија можност да учествуваат на Самитот. Во првата фаза на Самитот беа опфатени најразлични теми од информациското општество, а исто така се усвои и Декларацијата на принципите и Акцискиот план. Планирано е втората фаза од Самитот да се одвива во Тунис, од 16 до 18 ноември 2005.
„Сe’ досега, Обединетите нации работеа само со влади,“ рече генералниот секретар на ОН, Кофи Анан. „Но, денес, ние признаваме дека мирот и напредокот не можат да се остварат без придонесот на владите, меѓународните организации, бизнис-светот и граѓанското општество... Бидејќи во денешниот свет, ние сите зависиме едни од други.“
Давањето консултативен статус на НВО на Светскиот самит на ОН беше историски чекор напред во односите помеѓу ОН и секторот НВО. Заедно со претставниците на приватниот сектор и меѓународните организации, на НВО им се даде можност да се обратат на различните пленарни сесии и состаноци. Тие исто така беа поканети да придонесат со својата соработка во работните групи, кои беа основани за да ги разработат специфичните теми на Самитот. Покрај тоа, беше основано и биро на грѓанското општество со цел да се олесни комуникацијата помеѓу организаторите на ССИО, различните НВО и меѓународните организации вклучени во дискусиите. Голем број владини делегации исто така имаа покането претставници од граѓанското општество како дел од нивните преговарачки тимови.
Т.Х.
|