ОЖГБ формира Актив на млади

Организацијата на жените на општина Гази Баба (ОЖГБ), покрај активите во месните заедници и селата Раштак, Стајковци и Огњанци, го формира и Активот на млади.

Активот на младите, покрај програмата на ОЖГБ, ќе работи на активности и проекти од проблемите и потребите на младите, а покрај тоа младите ќе имаат можност да посетуваат курсеви за компјутери. ОЖГБ ги повикува младите, без разлика на полот и националноста, да се приклучаат во Активот со што би го зголемиле членството и ширењето на мрежата.

Состаноците се одржуваат секоја сабота во просториите на ОЖГБ на улица „Петре Георгиев“ б.б. од 16:30 до 18:30 ч. Информации можете да добиете на тел. 02/2618-303 или на e-mail: ozgb@on.net.mk.

Лице за контакт е претседателката на ОЖГБ, Јулка Трајковиќ.