|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Покана за продажна изложбаПо повод Нова година, НВО „Доверба“, „Добредојде“ и Работната тераписка група од ЈЗО Психијатриска болница - Скопје, со поддршка на градот Скопје и градоначалникот Ристо Пенов, организира продажна изложба на предметите произведени во креативните работилници. |  |
Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ
Одржани четири тренинг курсеви за потребите на локалната самоуправаВо согласност со работниот план, Центарот за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ организира четири тренинг-курсеви за советниците на општините кои гравитираат кон центрите во Скопје, Маврово, Кавадaрци и Кочани со наслов „Енергетската ефикасност како можност да се намалат трошоците на општините“. |  |
Денови на Каритас: Гест за мир
„Десет милиони ѕвезди“...Македонскиот Каритас, во соработка со Францускиот Каритас, хуманитарни граѓански организации со програми за промоција на солидарност и мир, ќе го одржат вториот настан “Десет милиони ѕвезди - Денот на каритас“, во Скопје, на 19 декември годинава, на платото пред Домот на Армијата и околу споменикот на Мајка Тереза, каде што во 15:30 часот ќе биде осветлен со специјални свеќи декорирани од членови на организации со кој соработува Каритас. |  |
БиХ
Кинескиот синдром: Босна ги отфрла ХИВ/СИДА заразените лицаВо последниот извештај на Balkan Crisis, бр. 467, IWPR објави дека ХИВ/СИДАта станува се' поголем проблем во регионот поради неуспехот на владата да му пристапи на соодветен начин. Босна и Херцеговина досега беше единствената земја во регионот со официјално мал број на регистрирани случаи - само 56. |  |
Јадранско Море
Меѓу развојот и експлоатацијатаВо ноември, владата на Хрватска го усвои проектот за изградба на пристаниште на островот Крк за извоз на руска нафта, наречен Дружба - Адрија. |  |
Европа: Финасиски реформи на ЕЦ
Кон поефикасна употреба и дистрибуција по 2005 годинаОколу 75 претставници од мрежата на невладини организации во Европа се сретнаа со официјални лица од Европската комисија и со претставници на Европскиот парламент и земјите членки на 27 и 28 октомври во Палермо да преговараат за иднината на ко-финансирањето на ЕУ-НВО во сегашните услови на дебата за фокусот на развој на ЕУ, реорганизацијата на буџетот и управувањето со буџетите преку делегации и останати децентрализирани процеси. |  |
ФИООМ и Метаморфозис
„Вовед во веб-дизајн за невладини организации“Целта на семинарот е обука на членови на невладините организации за изработка на веб-сајтови за потребите на невладината организација. Семинарот ќе се одржи од 16 (вторник) до 19 (петок) декември 2003 година, во х. Белви – Охрид. |  |
Африка
Основана Информативна мрежа на граѓанското општество - АЦП-ЕУИнформативната мрежа на граѓанското општество - АЦП-ЕУ (Африка, Карибите и Пацификот и Европската Унија) беше основана како дел од тековниот проект АКП - Форум на граѓанското општество, со цел да се олесни размената на информации меѓу широкиот сектор на актери од граѓанското општество од АКП (Африка, Карибите и Пацификот) и од ЕУ, како и да се изградат потребните капацитети. |  |
Светски ден против СИДАта
Живеј и дозволи им на другите да живеатПод мотото „Живеј и дозволи им на другите да живеат“ денеска ќе биде одбележан Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА - 1 декември. По тој повод во Скопје ќе биде промовирана националната стратегија за борба против сидата. |  |
Меѓународен форум за мир во организација на Граѓански патеки-Битола
Со платформа за мир чекор поблиску до евроинтеграцијаПлатформата, изготвена на македонски, грчки, српски, албански и англиски јазик, е првиот официјален документ на Меѓународната мрежа за евроинтеграција чии членки се невладини организации од Македонија, од Србија и Црна Гора, од Албанија и од Грција кои работат на младинска проблематика, граѓанско општество и човекови права. |  |
МЦМС
ПОДГОТВУВАЊЕ НА ЗАЕДНИЦИТЕ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ СО ПРОЕКТИМЦМС ќе организира две работилници за подготовка на општините како да изработат соодветни предлог проекти со кои ќе може да аплицираат за КАРДС 2003-04 „Програма за развој на локалната инфраструктура“. |  |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|