|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Хелсиншки комитет
Повик за прослава на Светскиот ден на човековите права
Прославата ќе се одржи на плоштадот Македонија (пред ГТЦ) во Скопје, на 10 декември 2003 година во 12 часот.
ПОВИК ДО СИТЕ
На 10 декември 1948 год. донесена е Универзалната декларација за човековите права. Таа се засновува на вербата во достоинство, еднаквост и вредност на човечката личност, формулирана е како општ стандард што треба да го достигнат сите луѓе и нации и тргнува од претпоставката дека непочитувањето и омаловажувањето на човековите права резултира во варварски постапки.
Според Декларацијата „Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви во достоинство и права“. и „Сите права во оваа декларација им припаѓаат на сите луѓе“. „Секој има право на општествен и меѓународен поредок во кој правата и слободите од оваа декларација можат да бидат целосно реализирани“. Ниту една активност на поединци, групи или држави со која се рушат правата и слободите од оваа декларација не може да биде оправдано со одредбите дадени во неа.
„Бидејќи општото разбирање на овие права и слободи е од најголемо значење за целосно спроведување на нивната заложба“, бидејќи на многу луѓе во светот и во нашата земја им се ускратени базичните човекови права, бидејќи многумина не слушнале за овој акт и многу малку знаат што содржи тој и бидејќи зад името на човековите права често се крие борба за некои други цели и поинакви идеали, сметаме дека е време подобро да ги запознаеме за да можеме да ги практикуваме и штитиме.
Затоа,
Ве повикуваме да дојдете на плоштадот Македонија во Скопје (пред ГТЦ) на 10.12.2003 од 12.00 часот, за да го одбележиме заедно светскиот ден на човековите права. Со тоа ќе покажеме дека ги поддржуваме заложбите на Универзалната декларација за човековите права, дека сме спремни да ги практикуваме човековите права, да ги почитуваме правата на другиот, да застанеме во нивна одбрана и да се избориме за нашите и за правата на секој човек.
Дојдете,
- да се дружиме
- да размениме мислења
- да споделиме информации и
- да дадеме нови идеи
Млади активисти на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Р. Македонија |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|