МЦМС
ПОДГОТВУВАЊЕ НА ЗАЕДНИЦИТЕ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ СО ПРОЕКТИ
МЦМС ќе организира две работилници за подготовка на општините како да изработат соодветни предлог проекти со кои ќе може да аплицираат за КАРДС 2003-04 „Програма за развој на локалната инфраструктура“.
Време и место на одржување Краен рок за пријавување
циклус 1 08.12.2003 Маврово,16-18.12.2003
циклус 2 08.12.2003 Маврово,19-21.12.2003
Услови
Патните трошоци од местото на живеење до местото на одржување на работилницата се на сметка на учесниците. Претставниците кои доаѓаат од урбани општини покриваат 10% од цената на чинењето на работилницата или 1.200,00 МКД. За претставниците од руралните општини, трошоците за учество ги покрива МЦМС.
Пријавување
Обрасците за пријавување можат да се добијат во просториите на Македонскиот центар за меѓународна соработка, или да го симнете прашалникот:
Обрасци за пријавување - Подготвување на заедниците за аплицирање со проекти (121 К)
Препорачуваме да ги отворате со програмот Винзип, што може да го најдете на сајтот www.winzip.com.
Општината која аплицира пополнува еден формулар за општината и формулари за секој кандидат поединечно (максимум 5 кандидати од општина).
Лице за контакт: Александар Јовановски, ajv@mcms.org.mk
Во програмата Оспособување на заедниците и институциите (ОЗИ) во месец декември 2003 година, МЦМС ќе организира работилница за
Подготвување на заедниците за аплицирање со проекти
Содржина на работилниците:
На 20.11.2003 год. Европската агенција за реконструкција (ЕАР) го објави вториот повик за КАРДС предлози 2003-04 “Програма за развој на локалната инфраструктура”. МЦМС ќе организира две работилници за подготовка на општините како да изработат соодветни предлог проекти. Целта на работилницата е преку совети/консултации да се пренесат знаења и вештини за аплицирање до располо‘ивите фондови. На работилницата специфично ќе се работи на:
Идентификација на проблеми (дијаграм на проблеми и цели) Изготвување на логика на интервенција (Логичка рамка) Формулација на проект Подготовка на финансиска конструкција Процес на аплицирање (работа на конкретниот апликационен формулар)
За секоја работилница МЦМС ќе селектира по три општини. Приоритет ќе добијат општините кои ќе подготвуваат проекти за подобрување на водоснабдувањето и санитацијата во руралните заедници.
Профил на учесници:
Одговорни лица за подготовка и спроведување на проектот (координатор, соработници на проект, техничко лице, одговорен за буџет, претставници на месни/урбани заедници каде што се реализира проектот). Максималниот број на учесници од секоја општина е ограничен на 5.
|