|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Регионална соработка
Засилување на граѓанското општество на БалканотТретата средба за партнерство на мрежата Хаб за градење капацитети се одвиваше во Фекетиќ, во близина на Нови Сад, Србија и Црна Гора, од 19 до 21 декември 2003 г. Средбата се одржа во центрите за обука на Екуменската хуманитарна организација ЕХО (Leunberg home), домаќин на средбата. Седум од 13-те партнерски организации се собраа да изготват акциски план за нивните активности во 2004 г. |  |
Развој на соработката помеѓу НВО во Европа
Проект ДЕПАРТ: Засилување на партнерството север-југ-истокКОНКОРД (CONCORD), ДЕЕП (DEEEP) и ТРИАЛОГ (TRIALOG), три сојузи на НВО за развој, лансираат проект кој има за цел да ги засили партнерствата и капацитетите на НВО во сегашните и идните земји од ЕУ и земјите од југот. |  |
Е-АКТИВИЗАМ
Активист со само еден клик!Технологијата ИТ воведува нови, евтини и ефикасни начини на кои граѓанските организации ќе им бидат достапни на обичните граѓани кои сакаат да поддржат вредни цели, но немаат пари, сила или едноставно време за тоа. |  |
Родови прашања
Студија: Насилството врз жените во транзициска ЕвропаЖенската инфотека ги објави резултатите од истражувањето за насилството врз жените во публикацијата „Додека не престане. Насилството врз жените во транзициска Европа“. Истражувањето се вршеше во текот на февруари 2003 г. во 9 земји од источна Европа - Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Македонија, Молдавија, Србија и Црна Гора (вклучувајќи го и Косово), Словачка, и Украина. |  |
Обука за финансирање
Научете ефикасен начин за добивање на европските фондовиВелкомјуроп (Welcomeurope) организира дводневна обука на тема "Како да се добијат европските фондови". Обуката ќе се одржи во Париз, Франција, на 22 и 23 април 2004 година. Таа е отворена за сите акционери од јавниот, приватниот и непрофитниот сектор. |  |
Истражување и образование
Европската истражувачка мрежа се шири на БалканотПроектот на Мрежата за истражување и образование на Југоисточна Европа (СЕЕРЕН) го заврши проширувањето на паневропската брза истражувачка мрежа ГЕАНТ (GEANT) на балканските земји. "Новата мрежа ќе го подобри пристапот на интернет на истражувачите што е витално за овозможување целосна партиципација и интеграција на балканската истражувачка заедница во Европската истражувачка област", нагласи Ерки Ликанен, специјалниот европски пратеник за претпријатија и информациско општество на отворањето на мрежата во Солун на 3 јануари 2004 г. |  |
Светски самит за информациското општество - Женева
НВО за прв пат на Светскиот самит на ОНСветскио самит за информациско општество (ССИО) се одржа од 10 до 12 декември 2003 г. во Женева. НВО за прв пат добија можност да учествуваат на Самитот. Во првата фаза на Самитот беа опфатени најразлични теми од информациското општество, а исто така се усвои и Декларацијата на принципите и Акцискиот план. Планирано е втората фаза од Самитот да се одвива во Тунис, од 16 до 18 ноември 2005. |  |
Романија
Конференција за родови прашања и (пост) јазот Исток-ЗападПроектот за граѓанско образование при Катедрата за филозофија, ББУ Клуј во Романија, организира серија работилници кои имаат за цел да му пристапат на прашањето за влијанието на јазот Исток-Запад на родовите прашања. На семинарот ќе биде организирана конференција на тема „Родовите односи и (пост) јазот Исток-Запад“, како и неколку работилници по слични прашања, кои ќе се одвиваат од 6 до 9 мај 2004 година или од 13 до 16 мај 2004 година во Клуж, Романија. |  |
Дискриминаторки став на Грција спрема граѓанското здружување
Домот на македонската култура во Лерин остана нерегистриранСпоред леринскиот суд, регистрацијата на Домот претставува опасност за јавниот ред и овозможува погоден простор за дејствување на странски агенти кои работат за постоење на непостојна македонска нација |  |
ОЖГБ формира Актив на младиОрганизацијата на жените на општина Гази Баба (ОЖГБ), покрај активите во месните заедници и селата Раштак, Стајковци и Огњанци, го формира и Активот на млади. |  |
МЦМС и Балканска фондација за деца и млади
Конкурс за обука, консултации и советувањеМожност за младинските организации и организациите што работат со млади да ги подобрат своите перформанси за да спроведуваат активности за зајакнување на позицијата на младите луѓе во општеството. |  |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|