|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Дискриминаторки став на Грција спрема граѓанското здружување
Домот на македонската култура во Лерин остана нерегистриран Според леринскиот суд, регистрацијата на Домот претставува опасност за јавниот ред и овозможува погоден простор за дејствување на странски агенти кои работат за постоење на непостојна македонска нација
Основниот суд во Лерин неодамна и официјално го одби барањето за регистрација на Домот на македонската култура во овој град.
Според леринскиот суд, регистрацијата на Домот претставува опасност за јавниот ред и овозможува погоден простор за дејствување на странски агенти кои работат за постоење на непостојна македонска нација. Процесот за регистрација на Домот на македонската култура започна уште во 1989 г., но тој досега беше оспоруван од грчките судови, за конечно неодамна и дефинитивно да не биде дозволено тоа. По ова, основачите, како што истакнуваат, иако сега се повторно на почетокот, процедурата и битката за овозможување на ова елементарно право ќе ја бараат во повисоките европски институции.
Инаку, по тужбата во Судот во Стразбур во 2000 година, Грција беше обвинета за овој случај од страна на Судот во Стразбур, за што требаше да плати пенали заради одбивањето да ја регистрира оваа чисто граѓанска асоцијација.
Пресудата содржеше упатство до официјална Атина да дозволи регистрирање на оваа асоцијација. Тоа го поддржа и грчкиот омбудсман Никифорос Дијамантурос, и Грчкиот хелсиншки комитет за човекови права, членовите на Европскиот парламент, Советот на Европа и Европското биро за помалку употребувани јазици. Властите на Грција на ова одговорија со ветување дека Домот на македонската култура од Лерин и формално ќе биде регистриран.
Но, по барањето на Домот на македонската култура поднесено на 24 септември минатата година, Основниот суд во Лерин одговори негативно со објаснувањето: „Формулацијата на предметот, т.е. причината за постоењето, е нејасна и може да предизвика конфузија во однос на вистинските цели. Употребата на терминот ‘македонска култура’ ја интензивира оваа конфузија со нејзино поврзување со непостоен јазик опишан како ‘македонски’. Признавањето на таква организација содржи директна закана за јавниот ред и дава можност за нејзина експлоатација од странски агенти, кои се обидуваат одвреме навреме, неуспешно, да ја исфабрикуваат историски непостојната ‘македонска нација’. Од тие причини спомнати погоре ние ја отфрламе апликацијата“.
Д.М. |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|