Соработка на граѓанско општество и владата, предизвици и ограничувања | Односите на граѓанското општество и владата (државниот сектор) во минатото се кареткеризираат со големи осцилации. Владата често ги доживува граѓанските организации како конкуренти, или пак како испорачувачи на услуги. Граѓанските организации често ја супституираат државата во нејзините основни функции или се јавуваат како жестоки критичари. Двете страни, владините институции и граѓанското општестви одржуваат нестабилен и слаб дијалог, поткопуван од контрапродуктивни однесувања и недостаток на знаења и вештини. Добрите односи се пред резултат на лични односи, отколку на институционални. Сепак на локално ниво има многу примери за добра соработка. Хрватска и Романија е започната процес на институционална соработка. Како конкурентскиот однос да биде заменет со кооперативен? Како да се соработува со владата, а да се задржи критичкиот капацитет? Како да се надминат контрапродуктивните однесувања? Како односите да не зависат исклучиво од личности, односно како да се интитуциолизираат? |  |
Општествено одговорни претприемачи и етички инвестиции | Краток опис на темата Во светот на бизнисот, владата и непрофитните организациите, постои развој кој демонстрира како различни аспекти на општественото одговорно однесување може да комбинираат високи општествени стандарди, со ефективни и профитни бизнис практики. Постојат претприемнички иницијативи кои допираат општествени и дилеми на околината, обезбедуваат добри бизнис решенија и се покажале профитни, и во дополнение задоволуваат интереси на широк ранг актери. Такви се корпорациските инвестиции во заедницата, еколошко одржливото производство, креативните начини на јакнење и работа со вработените, практиките на фер-трговија и др. Кои принципи на општествена одговорност се практицираат во моментот? Што значи општествената одговорност за различните организации? Што се резултатите – и за принципите и за профитот? Која е улогата на владата и на непрофитните организациите во поттикнување на општествената одговорност? Кои се пречките и проблемите? |  |
Имиџот на НВО и како НВО комуницираат и демонстрираат за што постојат – предизвици и перспективиПоследниот период, а посебно последните месеци се создава имиџ за граѓанското општество кај дел од јавноста во кој преовладуваат негативни елементи. Тие се поврзани со критики за постигнатите резултати, зависноста од странски извори и друго. Какви се видувањата за преовладувачкиот имиџ и перцепција на НВО? Како НВО влијаат на таквиот имиџ? Како НВО можат поефективно да се репозиционираат? |  |
Прашањата на развојот на локалните НВО и предизвиците на балансиран регионален развојВпечаток е дека развојот на граѓанското општество во Македонија го следи значителен дисбаланс во односите Скопје – остаток од земјата, урбано-рурално и сл. Кои се проблемите на развојот на локалните НВО и предизвиците за балансиран регионален развој? Каква е анализата на искуствата? Кои се препораки за приоритети во развојот, економските аспекти на развојот на локалните заедници,можности за редефинирање на односите локална власт-грагани и НВО? Каква е улогата на мегународна помош? |  |
Улога на синдикатите во граѓанското општествоВо изградената перцепција во Македонија (и на други места) синдикатите не се дел од граѓанското општество. Таа перцепција е втемелена на ограниченото сфаќање и сведување на граѓанското општество на “класичните” НВО. Од друга страна синдикатите се организации засновани на членство и заеднички интерес на членовите. Во последната година синдикатите имаат зголемена легитимност и кредибилитет кај членството и во јавноста. Дали синдикатите се дел од граѓанското општество? Каква е и каква може да биде улогата на синдикатот во граѓанското општество? Какви се искуствата дома и во регионот? Кои се можните подрачја на соработка на синдикатите и НВО? |  |
Македонските НВО и интеграцијата во ЕвропаМакедонија е определена за евроатлантските и европските интеграциони текови. Во 2001 година Македонија и ЕУ го склучија Договорот за стабилизација и асоцијација. Процесот на интеграција во Европа ќе бара соработка посебно меѓу универзитетските експерти, средниот менаџмент во јавната администрација и комплементарно профилираните невладини организации. Кои се досегашните искуства на вклученост на македонските НВО во интеграцијата во Европа? Каква може да биде улогата и придонесот на НВО? Кои се пречките и потребите за поголемо вклучување и влијание? |  |
Улогата на граѓанското образовование во развој на граѓанското опшетствоЗадолжителното граѓанско образование во основните училишта претставува добра основа за развој и унапредување на граѓанското општество. Предметот нуди широки можности за унапредување на соработката помеѓу невладиниот сектор и училиштата (државните образовни установи). Што е граѓанското образование? Кои се очекуваните и постигнатите резултати? Како да се подобри ефективноста? Кои се можностите за соработка меѓу невладиниот сектор и училиштата (државните образовни установи)? |  |
Нови појави и трендови – предизвици со кои се соочува граѓанското општествоМакедонија излегува од минатогодишната криза и се соочува со нови појави и предизвици. Тоа се секако општествените промени засновани на Рамковниот договор, но можеби пред с# сиромаштијата и владеењето на правото. Граѓанското општество треба и мора да бара креативни решенија. Кои се појавите и трендовите со кои треба да се соочи граѓанското општество? Кои треба да бидат приоритетите? Дали граѓанското општество е соодветно поставено за соочување со предизвиците? Кои внатрешни промени (во граѓанското општество) се потребни за ефективен одговор? |  |
Нови појави и трендови – предизвици со кои се соочува граѓанското општествоМакедонија излегува од минатогодишната криза и се соочува со нови појави и предизвици. Тоа се секако општествените промени засновани на Рамковниот договор, но можеби пред с# сиромаштијата и владеењето на правото. Граѓанското општество треба и мора да бара креативни решенија. Кои се појавите и трендовите со кои треба да се соочи граѓанското општество? Кои треба да бидат приоритетите? Дали граѓанското општество е соодветно поставено за соочување со предизвиците? Кои внатрешни промени (во граѓанското општество) се потребни за ефективен одговор? |  |
Вмрежување на НВО во РМ - научени лекции и можности | Македонскиот граѓански сектор произлезе од социјалистичките “чадор” организации. Тоа искуство го обремени секторот со лоши сеќавања. Вмрежувањето беше задржано во неколку подрачја како жените или екологијата. Последните неколку години, посебно во кризите во 1999 и 2001 година порасна надворешниот притисок и потребата за вмрежување и коалицирање. Се формираа повеќе мрежи, коалиции и платформи. Некои од примерите се коалицијата “Доста е” или “Македонија без корупција”. Во градењето коалиции и мрежи некои од пречките и бариерите се: отсуство на долгорочни цели, проблеми во сихронизација на активности на различни активности, отсуство на делегација и контрадикторните интереси. Во Македонија не постои национална коалиција на граѓанското општество. Кои се досегашните искуства? Кои се резултатите? Кои се главните пречки? Кои се искуствата кои може да се вградат во други коалиции? Дали постои потреба од национална коалиција на граѓанското општество? |  |
Етичките стандарди и одговорноста во граѓанското општествоПрашањата на одговорноста и транспарентноста на граѓанското општество се занемарувани врз основа на сфаќањето дека тоа се подразбира. Во последните десетина години на меѓународно ниво се започнати повеќе активности за подобрување на одговорноста. Најголемите НВО формираат управна група за хуманитарна помош која ги развива Правилата за однесување (Цоде оф цондуцт). Донесени се СПХЕРЕ стандарди. Во 2000 година започнат е пробен период на Хуманитарниот Омбудсман. Тоа се меѓународните случувања. На домашен терен постојат одредени локални или тематски иницијативи, но не и национални. Какви искуства постојат во Македонија? Кои се потребите? Дали треба да се иницира процес за развој на стандарди за работа и правила за однесување за граѓанскиот сектор како целина? Како да се поттикнува работа заснована на највисоки етички стандарди на одговорност и на домаќинско работење? |  |
| Во изминативе десет години многу граѓански организации во обезбедувањето на поддршката стана зависни од меѓународните извори на финансирање. Ова предизвикува “зависнички синдром”, но и ја нарушува легитмноста во очите на домашната заедница. Затоа од голема важност е мобилизирањето на поддршка дома. Мобилизирањето на поддршка дома е возможно ако постои поволен амбиент, пред се поволна даночна рамка. Дали постои мобилизација на ресурси дома? Каква е правната и фискалната рамка во Македонија? Дали таа е поттикнувачки или ограничувачки фактор за мобилизацијата на ресурси? Која е потребната рамка? Какви се искуствата од регионот? |  |
Корисници или партнери? Трендови и предизвици во односите на донаторите и НВОВо изминативе десет години многу граѓански организации во обезбедувањето на поддршката стана зависни од меѓународните извори на финансирање. Ова предизвикува “зависнички синдром”. И покрај обидите за мобилизација на ресурси дома и во наредниот среднорочен период меѓународните донатори ќе бидат главни поддржувачи на НВО. Од тие причини меѓусебните односи ќе бидат од релативна важност и во наредниот период. Кои се трендовите кај меѓународните донатори? Какви се односите, кориснички или партнерски? Дали е возможно споделувањето на информации за политиките и програмите? Како да се обезбеди учество во формулацијата на стратегиите? Дали постои потреба за структуриран дијалог и како би се остварил? |  |
Информациско општество и пристап до информации- Интернет и НВО секторотГлабалниот развој е развој на информациско општество. Информациското општество нуди нови комуникациски можности. НВО организации се почесто ги користат можностите на интернетот. Многу НВО организации имаат сопствени сајтови, а се појавија и првите функционални сајтови (Манго, Граѓански свет, Агора). Кои се можности кои ги нуди интернет на НВО, особено при информирање и лобирање; проблеми? Какви се ефекти и кои се практичните решенија? Какви се искуствата и тековните состојби во Македонија? Кои се искутвата со функционалните сајтови (Манго, Граѓански свет, Агора)? |  |
НВО и реформите на пензискиот систем во МакедонијаРеформите во пензискиот систем се започнати. Кои се причини за воведување на капитално-финансиски пензиски систем покрај постоечкиот? Кои се новините во пензискиот систем што се однесуваат на жената-работничка и реперкусиите? Каква улога имаат и би можеле да остварат синдикатите и НВО? |  |
Враќање на внатрешно раселените лицаПо минатогодишната криза во Македонија, во овој момент с# уште околу 9.000 лица се раселени (сместени во колективни центри и семејства - домаќини). За решавање на проблемот и поскоро враќање на раселените лица во нивните домови се залагаат сите релевантни институции и организации, а некои од нив и конкретно се ангажираат, меѓутоа информациите за овие активности не секогаш стигнуваат до корисниците. Кое разбирањето и дали има заедничко разбирање за процесот на враќање? Дали е тоа реално и кога тој процес би можел да заврши? Кои се алтернативите? Како да се обезбеди достоинствен живот за раселените лица? Која е улогата на НВО? |  |
Мрежа на РНВОФормирана е мрежа на РНВО “Рома 2002”. Таа мрежа вклучува десетина организации. Зошто е основана мрежата РНВО “Рома 2002”? Како се формира? Дали мрежата е отворена и кои се приципите на членството? Како ќе се обезбеди синхронизација на организациите членки? |  |
Важност и заштита на националните паркови во Македонија – Нацонален парк ПелистерМакедонија има три национални паркови: Пелистер, Бистра и Галичица. Како да се заштити и конзервацира природата? Кои се законските нормативи; и меѓународни стандарди? Дали се доволни и дали се применуваат? Каква е свеста за односот: човек – природа? Како граѓаните ја прифаќаат заштитата на природата? Што НВО можат да подобрат? |  |
Родова застапеност во главните текови на општествотоРамноправноста меѓу родовите во претходниот период беше третирано како прашање на жените и како такво е со ограничено влијание. Сега се повеќе рамноправноста меѓу родовите се гледа како внесување на родовата рамноправност во главните текови. Тоа е (ре)организација, развој и унапредување на политичките процеси, така што во сите политики и на сите нивоа и во сите фази да биде инкорпориран аспектот на родовата рамноправност од страна на актерите кои се вообичаено вклучени во формирањето на политиката. Каква е состојбата во Македонија? Дали во Македонија е изградена свест за помите феминизам, женски прашања и родова рамноправност? Кои организации се вклучени во промоција на родовата рамноправност? Кои се искуствата? Кои се потребите и приоритетни точки? |  |
|  |
Тема: Здравствена заштита по реформите во здравствотоМакедонскота здравствена заштита е во реформа. Истата е проследена со многубројни шпекулации и недоразбирања. Каков е развојот на реформите во здравството? Каква е вклученоста на засегнатите страни: пациентите и лекарите? Која е улогата на НВО во здравствените реформи? |  |
Развојот на малите и средни претпријатија преку потсекторски пристапЗголемување на ефикасноста, конкурентноста и пристапот до услугите е една од целите на потсекторскиот пристап, што од своја страна обезбедува развој на малите и средните претпријатија во идентификуваните потсектори. Таквиот пристап е воспоставен во Програмата за поддршка на претприемништвото во МРФП, во соодветните програми на Ланд О’Лакес, а е и дел од новиот Проект за финансиски услуги во земјоделието (ИФАД 2), меѓутоа само во секторот земјоделие. Кои се искуствата од ваквиот пристап во земјоделието? Користа, добрите и лошите страни на подсекторскиот пристап. Кои се можностите за примена во други сектори? |  |
Улогата на граѓанското општество во сузбивање на корупцијаКорупцијата претставува еден од проблемите што го ограничуваат развојот во земјата. Корупцијата е тесно поврзана со намален простор за економски развој. Свеста за ова прашање е во пораст во последната година, кога се основани Транспарентност Македонија и коалицијата Македонија без корупција. Како против корупцијата? Кои се НВО искуствата? Кои се потребите и каде е местото на НВО? Која е улогата на експертските организации? |  |
Етички стандарди во новинарствотоЗдружението на новинари на Македонија е едно од првите професионални здруженија кое воспостави кодекс на однесување и механизми за негова примена. Од друга страна дебатите за неетичкото однесување во новинарството се почести. Еден од проблемите е (зло) употреба на маркетингот во добивање на (не) повластен статус во медиумите. Кои се искуствата од професионалните механизми за поттикнување на одговорноста? Какви се состојбите? Како до натамошно подобрување? Како да се спречи (зло) употреба на маркетингот во добивање на (не) повластен статус во медиумите? |  |
Предизвикот на разоружувањетоОпштествено исклучени луѓе и масивно достапно оружје сигурно водат кон насилие, без разлика дали е тоа манифестирано со воени судири и насилен криминал. Поради ова врска во моментов се во тек повеќе меѓународни кампањи за ограничување на лесното оружје (смалл армс). Затоа на Македонија и треба веднаш активности за социјална интеграција и разоружување. Разоружувањето море да се состои од повеќе мерки, како краткорочни, така и среднорочни. Повеќето мерки се состојат од градење на јавна свест за разоружување, градење на довербата во оние што ја обезбедуваат безбедноста, кампањи за собирање на оружје проследено со амнестија или легализација на оружјето. Дали на Македонија и треба разоружување? Какви мерки се потребни? Дали НВО треба да се вклучат? Кои се искуствата? Како да се вклучат НВО? |  |
Информациско општество и пристап до информации- Интернет и НВО секторотГлабалниот развој е развој на информациско општество. Информациското општество нуди нови комуникациски можности. НВО организации се почесто ги користат можностите на интернетот. Многу НВО организации имаат сопствени сајтови, а се појавија и првите функционални сајтови (Манго, Граѓански свет, Агора). Кои се можности кои ги нуди интернет на НВО, особено при информирање и лобирање; проблеми? Какви се ефекти и кои се практичните решенија? Какви се искуствата и тековните состојби во Македонија? Кои се искутвата со функционалните сајтови (Манго, Граѓански свет, Агора)? |  |
Улогата на меѓународните судови во зачувувањето на човековите права | Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (Хашкиот трибунал) и Меѓународниот кривичен суд (универзален) с# досега најексплицитните меѓународни институции за заштита на човековите права. Контроверзноста на оваа тема не ја заобиколи ниту Република Македонија, заради минатогодишните случувања, како и поради настаните во регионот во последнава декада. Надлежноста на меѓународните судови во Македонија е недвосмислена, заради фактот што таа со ратификација се прифаќа од страна на државите. Во таква ситуација тие мора да се почитуваат како дел од националното законодавство. Функционирањето на овие институции во голема мерка влијаат врз промените во однесувањето на институциите во земјава (администрација, министерства, судство), како и на невладиниот сектор во насока на зголемување на свеста за човековите права. Кои се меѓународни институции за заштита на човековите права? Каква е нивната улога, посебно во македонски контекст? Како тие можат да ги подобрат човековите права? Каква е и може да биде улогата на НВО? |  |
Улогата на НВО во изборниот процесМакедонските НВО беа вклучени во (скоро) сите досегашни изборни процеси во државата. Активностите на НВО се во насока на обезбедување на слободни, фер и демократски избори. Посебно забележиктелна е вклученоста на НВО во парламентарните избори во 2002 година. Овие активности беа едукација на гласачите, поттикнување на високо учество во изборите, набљудување итн. Ваквите активности беа жестоко нападнати од дел од медиумите. Дали НВО треба да се вклучат во активности поврзани со изборите? Каде е границата меѓу вплеткување во партиски односи и ризикот на пасивизрање во клучни општествени моменти? Какви се видувањата на НВО активностите од 2002 година? Дали НВО беа партиски определени? |  |
Граѓанската партиципација во одлучувањето на национално и локално нивоМакедонија за краток временски период се движеше од високо децентрализран во високо централизиран модел, иако и во двата случаи на етатистичка основа. Некои законски решенија нудат можности за граѓанска партиципација. Реформите во локалната самоуправа нудат можности за зголемување на граѓанската партиципација. Зошто е потребна граѓанска партиципација? Изборна наспроти партиципативна демокртаија? Кои се постоечките можности за граѓанска партиципација и какви се искуствата? Како до подобра граѓанска партиципација? |  |
Тема: Здравствена заштита по реформите во здравствотоМакедонскота здравствена заштита е во реформа. Истата е проследена со многубројни шпекулации и недоразбирања. Каков е развојот на реформите во здравството? Каква е вклученоста на засегнатите страни: пациентите и лекарите? Која е улогата на НВО во здравствените реформи? |  |
Тема: Улогата на НВО и фондациите во културатаПодрачјето на културата е одно од подрачјата каде се очекува и случува поголема граѓанска иницијатива. Покрај НВО се појавиуваат и фондации кои обезбедуваат финансиска поддршка. Сепак развојот е во самиот зачеток па постојат многу дилеми. Каква е улогата, кои се карактеристики и што е значението на НВО во Македонија во областа на културата и уметноста? Кои се критериумите и рамките за финансирање на НВО во областа на уметноста и културата? Каков е односот на донаторите и НВО во култура? Кои се перспектива и оддржливост на НВО во област на уметноста и културата? |  |
|  |
Тема: Нови појави и трендови – предизвици со кои се соочува граѓанското општествоМакедонија излегува од минатогодишната криза и се соочува со нови појави и предизвици. Тоа се секако општествените промени засновани на Рамковниот договор, но можеби пред се’ сиромаштијата и владеењето на правото. Граѓанското општество треба и мора да бара креативни решенија. Кои се појавите и трендовите со кои треба да се соочи граѓанското општество? Кои треба да бидат приоритетите? Дали граѓанското општество е соодветно поставено за соочување со предизвиците? Кои внатрешни промени (во граѓанското општество) се потребни за ефективен одговор? |  |
|