Организатор: Македонска развојна фондација за претпријатија

Развојот на малите и средни претпријатија преку потсекторски пристап 
Категорија:     Х  Секторска работилница     
Датум:31.10.2002  Час: 11.30-13.00
Сала:    Б   Капацитет: 40 седишта
Работен јазик: македонски јазик
Опрема: -


Краток опис на темата
Зголемување на ефикасноста, конкурентноста и пристапот до услугите е една од целите на потсекторскиот пристап, што од своја страна обезбедува развој на малите и средните претпријатија во идентификуваните потсектори. Таквиот пристап е воспоставен во Програмата за поддршка на претприемништвото во МРФП, во соодветните програми на Ланд О’Лакес, а е и дел од новиот Проект за финансиски услуги во земјоделието (ИФАД 2), меѓутоа само во секторот земјоделие. Кои се искуствата од ваквиот пристап во земјоделието? Користа, добрите и лошите страни на подсекторскиот пристап. Кои се можностите за примена во други сектори?


Фацилитатор / Модератор
Тетјана Лазаревска,  раководител во МЦМС / Македонска развојна фондација за претпријатија

Воведничари
1. Љупчо Тошев, соработник на проект на програмите на МРФП

2. Емилија Спировска, директор на одделот за развој на здруженија при Ланд О’Лакес

3. Марија Костовска, директор на Земјоделскиот кредитен дисконтен фонд