Организатор: Македонски центар за меѓународна соработка
Враќање на внатрешно раселените лица
Категорија: Х Секторска работилница Датум: 31.10.2002 Час: 11.00-12.30 Сала: В Капацитет: 60 седишта Работен јазик: македонски јазик Опрема: слајд проектор графоскоп бела табла
Краток опис на темата По минатогодишната криза во Македонија, во овој момент с# уште околу 9.000 лица се раселени (сместени во колективни центри и семејства - домаќини). За решавање на проблемот и поскоро враќање на раселените лица во нивните домови се залагаат сите релевантни институции и организации, а некои од нив и конкретно се ангажираат, меѓутоа информациите за овие активности не секогаш стигнуваат до корисниците. Кое разбирањето и дали има заедничко разбирање за процесот на враќање? Дали е тоа реално и кога тој процес би можел да заврши? Кои се алтернативите? Како да се обезбеди достоинствен живот за раселените лица? Која е улогата на НВО?
Фацилитатор / Модератор Александар Кржаловски, координатор на програмите за итни операции при МЦМС
Воведничари 1. Боге Чадиновски, раководител на одделението за бегалци, раселени лица и хуманитарна помош во Министерството за труд и соц. политика
2. Јана Петрушевска, претседател на Здружението на раселените лица од Арачиново “Зора”
3. Зола Дауел, раководител на Канцеларијата за координација на хуманитарните работи на агенциите на Обединетите нации (УН ОЦХА)
|