Нови појави и трендови – предизвици со кои се соочува граѓанското општество
Категорија: Х пленарна сесија Датум: 29.10.2002 Час: 13.00-16.00 Сала: А Капацитет: 180 седишта Работен јазик: македонски и англиски јазик
Краток опис на темата Македонија излегува од минатогодишната криза и се соочува со нови појави и предизвици. Тоа се секако општествените промени засновани на Рамковниот договор, но можеби пред с# сиромаштијата и владеењето на правото. Граѓанското општество треба и мора да бара креативни решенија. Кои се појавите и трендовите со кои треба да се соочи граѓанското општество? Кои треба да бидат приоритетите? Дали граѓанското општество е соодветно поставено за соочување со предизвиците? Кои внатрешни промени (во граѓанското општество) се потребни за ефективен одговор?
Фацилитатор/модератор проф. д-р Мирко Спироски, претседател на Управниот одбор на МЦМС Воведничари 1. Нафи Сарачини, советник за граѓанско општество при Делегацијата на Европската комисија - Скопје 2. проф. д-р Ѓорѓи Иванов, професор на Правниот факултет / претседател на Институтот за демократија, солидарност и цивилно општество 3.Теодори Пандели, професор / Извршен директор на Фондација на граѓанското општество во Албанија 4.Владимир Милчин, Извршен директор на ФИООМ 5. Сашо Клековски, Извршен директор на МЦМС
|