Вмрежување на НВО во РМ - научени лекции и можности


Категорија:    Х пленарна сесија    
Датум: 31.10.2002  Час: 15.00-17.30
Сала: А  Капацитет: 180 седишта 
Работен јазик: македонски и англиски јазик
Опрема: видео бим слајд проектор графоскоп бела табла


Краток опис на темата
 Македонскиот граѓански сектор произлезе од социјалистичките “чадор” организации. Тоа искуство го обремени секторот со лоши сеќавања. Вмрежувањето беше задржано во неколку подрачја како жените или екологијата. Последните неколку години, посебно во кризите во 1999 и 2001 година порасна надворешниот притисок и потребата за вмрежување и коалицирање. Се формираа повеќе мрежи, коалиции и платформи. Некои од примерите се коалицијата “Доста е” или “Македонија без корупција”. Во градењето коалиции и мрежи некои од пречките и бариерите се: отсуство на долгорочни цели, проблеми во сихронизација на активности на различни активности, отсуство на делегација и контрадикторните интереси. Во Македонија не постои национална коалиција на граѓанското општество. Кои се досегашните искуства? Кои се резултатите? Кои се главните пречки? Кои се искуствата кои може да се вградат во други коалиции? Дали постои потреба од национална коалиција на граѓанското општество?


Фацилитатор / Модератор: 
Бесим Небиу, координатор на програма во ИТЗ


Воведничари:
1. Славица Инџевска, заменичка извршен директор на ФИООМ

2. Сунор Верма, регионален претставник на Европски центар за малцински прашања

3. Савка Тодоровска, претседател на СОЖМ

4. Сунчица Саздовска, раководител на одделението за граѓанско општество во МЦМС
  
5. Пеце Талевски, претседател на ОХО