Организатор: Македонски центар за меѓународна соработка
Промоција: Адресар на граѓанските организации во МакедонијаСунчица Саздовска од Македонски центар за меѓународна соработка го промовираше новото, седмо издание на Адресарот на граѓанските организации во Македонија, кое ги регистрира промените во граѓанското организирање во последните три години. |  |
Организатор: Нов живот/Македонски волонтери за акција
Панел-тема: “Волонтерството во Македонија”Волонтерите треба да се категоризираат според тоа дали се со постојан или повремен ангажман и јасно да им се одредат одговорностите. Освен во граѓанските организации, одлична можност за развој на волонтерството во Македонија е и волонтирањето во државните институции |  |
Организатор: Здружението на граѓани за заштита на човековото достоинство и професија во јавната управа и јавните служби во Македонија
Панел-тема: “Реформа во јавната управа и јавната администрација”Дискутантите предочија многу аномалии во процесот на реформата на јавната администрација и сите овие работи треба прекршочно да се регистрираат и за нив да се покренат постапки |  |
|