ФОРУМ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО: Здружение “Нов живот” – Штип; ИТЗ
Тема: Волонтерството во Македонија
Категорија: Панел Датум: 21.11.2003 Час: 15:00-16:30 Сала: А
Воведничари: Соња Арсовска, Ѕ.О.Ѕ. – Куманово, Точи Мухамед, ХДЗР “Месечина” – Гостивар, Катарина Хаџи-Митева–ИЦНЛ, Будимпешта, Тодор Пашоски–градоначалник на општина Кочани.
Претседавач: Драгана - Дина Митровиќ, Здружение “Нов живот” – Штип
Краток опис на темата: Одамна се најавува, а наскоро и се очекува дека интернационалните донаторски организации ќе се повлечат од Македонија. Ова значи дека здруженијата на граѓани ќе имаат уште поограничен пристап кон финансиски средства и ќе мораат да се потпрат на волонтерскиот ресурс за да се одржат. Иако, волонтерите се ресурс со кој располага секое Здружение на граѓани, сепак ретко кое има разработено Програма за волонтери. Се чини како да не им посветуваме соодветено внимание и респект на волонтерите и нивниот труд.
|