Организатор: Здружението на граѓани за заштита на човековото достоинство и професија во јавната управа и јавните служби во Македонија
Панел-тема: “Реформа во јавната управа и јавната администрација”
Дискутантите предочија многу аномалии во процесот на реформата на јавната администрација и сите овие работи треба прекршочно да се регистрираат и за нив да се покренат постапки
Танче Танушевски од Здружението на граѓани за заштита на човековото достоинство и професија во јавната управа и јавните служби во Македонија ги информираше присутните за заклучокот на Владата од 02.06.2003 за потреба од рационализација на вработените во органите на државната управа и јавните претпријатија, нагласувајќи дека според него овој заклучок е непромислен, без визија и концепција и со самото тоа се покажува неспособноста на Владата. “Реформа не се прави преку ноќ и без вклучување на вработените и ваквите реформи доведуваат до повреди на човековите права, влошување на меѓучовечките односи, како и огромни социјални девијации во општеството”, рече Танушевски. Главен проблем, според него, е начинот на отпуштање на вработените, критериумите и строгата селективност, при тоа не водејќи сметка за успешноста во работата, стручната подготовка и социјалниот статус. Танушевски се осврна и на делот од Законот за работни односи поврзан со исплатата на отпушените работници, каде што има намалување од 12 на една до осум плати, во зависност од должината на работниот стаж. Сава Минова, технолошки вишок од ЕСМ, говореше за начинот на нејзино отпуштање од работа и укажа дека во постапката за рационализација постојат огромен број пропусти и дека во моментов постои огромен притисок на судовите од ЕСМ. Дејан Бошковски, претходно вработен во ЕСМ, се осврна на позитивното работење на граѓанските асоцијации и можноста преку нив да е се влиајае врз власта за поправање на досегашните грешки и пропусти. Тој праша дали рационализацијата е селективна и дали рационализацијат треба да се прави и за другите националности, а не само за Македонците? Кузман Цаиков од ЈП ССДП укажа на постоењето на многу аномалии во процесот за реформата на јавната администрација. Тој нагласи дека е потребно сите овие работи прекршочно да се регистрираат и да се покренат постапки.
|