Промоција: Здружение за унапредување на лекувањето, рехабилитација и ресоцијализација на лица што злоупотребуваат дроги и други психоактивни супстанции “Доверба”        

 
Тема: Борба против дрогата во борба за младите

Датум: 21.11.2003   Час: 13:15-14:45

Сала: Д                       

Презентер: д-р. Славица Гајдаѕис Кнежевиќ

                    
Краток опис на темата:

Употребата на дрогата е многу честа, масовна и загрижувачка појава којашто е во пораст. Книгата е наменета за унапредување на менталното здравје на младите И засилено дејствување на полето на превенција, третман, рехабилитација и ресоцијализација. Желба на авторот е таа да информира, но и да придонесе за разбирање на појавата на употреба и злоупотреба на дроги од страна на граѓаните, а особено од граѓанските организации кои работат на полето на заштита и унапредување на менталното здравје на младите, односно на полето на превенцијата, третманот, рехабилитацијата и ресоцијализацијата на зависниците.