ФОРУМ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО: Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Р.М.

Тема: Насилството врз жените, пречка за постигнување на реална еднаквост: десет години по Виена (1993-2003)

Категорија:    Панел
Датум: 21.11.2003 Час: 10:00 – 12:00
Сала:В

Воведничари: Елена Грозданова, раководителка на Одделението за полова рамноправност, Министерство за труд и социјална политика, Тања Кикерекова, раководителка на Одделение за човекови права, Министерство за правда, Јасминка Фришчиќ , раководителка на ЕСЕ, Ѕала Бојковска, СЕМПЕР, Битола
Претседавач: Весна Јованова, ЕСЕ

Краток опис на темата: 
Во јуни 1993 година во Виена, Австрија се одржа Светската конференција за човекови права на ОН, по што беше донесена Виенската декларација и Програма за акција. За првпат во историјата женските права се признати како интегрален дел на општиот корпус на човекови права и тие се ставени на проритетната листа за владите на земјите членки и за организацијата на Обединетите Нации. По повод одбележувањето на десет години од донесувањето на Виенската декларација и Програма за акција и оценувањето на напорите на владините и невладините организации по однос на спроведувањето на нејзините одредби, со оваа тема ќе бидат опфатени основните меѓународни документи  кои се однесуваат на човекови права со посебен осврт на женските права и обврските на Република Македонија кон исполнување на нивните одредби (извори, институции и процедури), вклучувањето на родовите прашања во главните текови на општеството и насилството врз жените предвидено со Национален план за акција за рамноправност меѓу половите