|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
УНИЦЕФ и Центарот за Ромска заедница “ДРОМ-Куманово
„МОЕТО ДЕТЕ ЌЕ ОДИ НА УЧИЛИШТЕ”УНИЦЕФ и Центарот за ромска заедница “Дром” од Куманово на 29.08.2006 година пред платото на Центарот за култура “Трајко Прокопиев” во Куманово одржаа манифестација што беше дел од кампањата што се одвива под мотото “Моето дете ќе оди на училиште”. |  |
Фондација “МАРИТА”
Конкурс за изработка на фотострипФондацијата “Марита-Македонија” распишува награден конкурс за изработка на фотострип на тема “Срце нека продолжи да чука” и “Престани пред да почнеш”. Сите заинтересирани треба да направат три до пет дигитални фотографии, содржински поврзани, кои ќе го претставуваат младинскиот позитивен имиџ, со придружен концепт за стрипот. На натпреварот може да се пријават учесници на возраст од 13 до 19 години.
|  |
Центар за човекови права АМОС
“АЈДЕ ДА ГО ПРОМОВИРАМЕ И ДА СЕ ЗАПОЗНАЕМЕ СО МАКЕДОНСКИОТ КОМПАСЦентарот за човекови права АМОС од Битола, ќе реализира Национален тренинг за едукација за човекови права со млади насловен како “Ајде да го промовираме и да се запознаеме со македонскиот компас”. Планирано е тренингот да се одржи во Битола од 14 до 19 ноември 2006 година. Овој проект делумно е поддржан од Советот на Европа, Директоратот за млади и спорт, Европскиот младински центар Будимпешта, а дел е од младинската програма за едукација за човекови права.
|  |
Отворете ги прозорците
ВЕБ СТРАНА ДОСТАПНА И ЗА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИДВеб страната на здружението “Отворете ги прозорците” www.openthewindows.org од неодамна има нов дизајн, кој ги исполнува нормите за пристапност на Њ3Ц. Тоа значи дека и лицата со оштетен вид имаат можност за лесна навигација низ содржините на веб страната, која има англиска и македонска верзија. Англиската верзија дозволува навигација со помош на сцреен реадер (читач на екран) софтвер, но за македонската се уште не постои софтвер кој би дозволувал пристап за лицата со оштетен вид. |  |
Организација на жени на општина Свети Николе
Проблеми при имплементацијата на Програмата за гинеколошки прегледиОрганизацијата на жени на општина Свети Николе во соработка со 17 женски граѓански организации од Македонија успеа да излобира промена во Законот за здравствена заштита и воведување на програма за редовни гинеколошки прегледи за жените со цел рано дијагностицирање на ракот на грлото на матката..Во 2005 и 2006 Владата донесе Програма за рано откривање и спречување на болести на репродуктивните органи кај жената во Република Македонија. Проблемите настапија во текот на спроведувањето на Програмата.
|  |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|