среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Септември

   

Организација на жени на општина Свети Николе          

Проблеми при имплементацијата на Програмата за гинеколошки прегледи

Организацијата на жени на општина Свети Николе во соработка со 17 женски граѓански организации од Македонија успеа да излобира промена во Законот за здравствена заштита и воведување на програма за редовни гинеколошки прегледи за жените со цел рано дијагностицирање на ракот на грлото на матката..Во 2005 и 2006 Владата донесе Програма за рано откривање и спречување на болести на репродуктивните органи кај жената во Република Македонија. Проблемите настапија во текот на спроведувањето на Програмата.

Организацијата на жени на општина Свети Николе во соработка со 17 женски граѓански организации од Македонија успеа да излобира промена во Законот за здравствена заштита и воведување на програма  за редовни гинеколошки прегледи за жените со цел рано дијагностицирање на ракот на грлото на матката..Во 2005 и 2006 Владата донесе Програма за рано откривање и спречување на болести на репродуктивните органи кај жената во Република Македонија. Програмата предува бесплатен ПАП тест  за  20 % од женската популација на возраст од 19 до 65 години или годишно по околу 128 000 жени. .Прегледите треба да се спроведуваат од страна на матичните гинеколози кои имаат склучени договори со Фондот за здравство. За реализација на програмата за 2005 се обезбедени 8.500.000 денари ,  а за 2006 ќе се обезбедат и дополнителни 3.000 000 денари . Овие средства се наменети за ПАП тестот , за печатење на информативен материјал и за водење на регистар за спроведените прегледи.  Следјќи ја имплементацијата на прегледите во текот на 2005 и 2006 се забележа дека програмата не се реализира целосно и во дел од градовите не е направен ниту еден ПАП тест.

ОЖО Свети Николе во текот на јуни 2006 одржа 4 тркалезни маси во Прилеп, Битола, Крива Паланка и Кочани  со  претставници од здравствените домови и гинеколозите на кои се дискутираше за проблемите при реализацијата на програмата.  Гинеколозите информираа дека не се доволно информирани од страна на Министерството за здравство за програмата и за начинот на кој програмата треба да се реализира. И покрај нивната желба  и подготвеност да помогнат во реализацијата на прегледите се соочуваат со сериозни проблеми. Тие не се доволно мотивирани да ги спроведуваат прегледите бидејќи не добиваат никаков надоместок, а капитацијата за прегледите е најниска и изнесува само 18 денари по пациентка. Тие  се соочуваат и со потребата претходно да се набават материјали за земање на ПАП тестот и  ненавремено покривање на материјалните трошоци од страна на Фондот за здравство. Приватизацијата на гинекологијата ќе ги продлабочи проблемите околу имплементацијата на програмата.и голем дел од гинеколозите не се мотивирани да  склучат договори со Фондот за здравство. Поради тоа голем број од жените кои беа информирани за  програмата не можеа да добијат гинеколошки преглед и ПАП тест .

Женските граѓански организации ја повикуваат Владата и Министерството за здравство  да превземат  конкретни чекори за доследно спроведување на програмата

Радмила Сандева
ОЖО Свети Николе


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA