МЦМС
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е организација на граѓанското општество што работи во областа на одржливиот развој и градењето капацитети.
Трансферот на знаења и вештини преку обука и консултации е основна компонента во сите програми на МЦМС уште од неговото формирање во 1993 година.
Во програмата Оспособување на заедниците и институциите (ОЗИ), МЦМС организира обука за:
Како да им пристапите на донаторите
Содржина на обуката:
Една од суштинските активности на секоја организација се речиси секојдневните контакти со потенцијалните и актуелните донатори. Успешната комуникација со нив е предуслов за секоја друга проектна активност што планира да ја спроведе организацијата.
Цели на курсот: - Стекнување знаења и вештини за контакти и комуникација со донаторите пред, за време и по завршувањето на проектот. - Развивање на свеста за значењето на редовната комуникација со донаторите.
По завршувањето на курсот „Како да им пристапиме на донаторите“, учесниците ќе стекнат знаења, вештини и ставови за: • Фазите на соработка со донаторот; • Основни вештини на комуникација со донаторите; • Одржување добра и плодна врска со донаторот во текот на проектот и по неговото завршување.
Профил на учесници: Вработени и волонтери во институциите (Единици на локална самоуправа, месни/урбани заедници) и активисти/ки во граѓанските организации директно вклучени во планирањето и обезбедувањето средства за проекти.
Време на одржување: 21-23.06.2004
Краен рок за пријавување: 14.06.2004
Услови:
Право на пријавување имаат членовите на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС), месните/урбаните заедници (МЗ/УЗ) и локалните невладини организации (НВО). Принципот на аплицирање е партнерски, односно задолжително е конкурирање 2 учесника од ЕЛС или МЗ/УЗ и 2 учесника од НВО кои доаѓаат од иста општина. Патните трошоци од местото на живеење до местото на одржување на курсот се на сметка на учесниците. Цената на курсот изнесува 9.500,00 МКД.
Претставниците кои доаѓаат од урбани заедници конкурираат за покривање 90% од цената на курсот или да партиципираат со 950,00 МКД, а претставниците од руралните заедници за целосно покривање на трошоците (без партиципација).
Пријавување
Обрасците за пријавување можат да се добијат во просториите на Македонскиот центар за меѓународна соработка, или на веб-сајтот www.gragjanskisvet.org.mk.
Избраните кандидати ќе бидат известени на 16.06.2004 г.
Лице за контакт: Александар Јовановски ajv@mcms.org.mk тел. 02/3065-381 |