Билтен за меѓурелигиска соработка
Билтен за меѓурелигиска соработка
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е организација на граѓанското општество, чија цел е поттикнување, поддршка и развој на локални, регаонални и меѓународни иницијативи за унапредување на одржливиот развој на човечките ресурси во Македонија и надвор од неа. Од оваа година МЦМС започна да ја спроведува програмата Меѓурелигиска соработка во Македонија (ПРМ). Целта на програмата е да се зголеми меѓусебното разбирање на црквите и верските заедници и разбирањето за нив кај македонската јавност. Целна група е целокупната јавност во Република Македонија. Конкретна целна група се членовите и активистите на сите верски заедници во Македонија, со фокус на студентате од образовните институции (теолошки средни училишта и факултети) како директни корисници.
За билтенот...
Согледувајќи ја потребата за поинтензивна комуникација и соработка на црквите и верските заедници и информирање на пошироката јавност за нивните активности, поттикнат од некои иницијативи во са-мите верски заедници (како на пример предавање на Богословскиот факултет од деканот на Факултетот за исламски науки и обратно), МЦМС ја изготви програмата Меѓурелигиска соработка во Македонија.
МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
Од историјата на Македонската Православна Црква
Христијанството во Македонија, па и пошироко на Балканот, прв го про-поведа и проширува Светиот апостол Павле при своите мисионерски патувања, за што сведочати Делата Апостолски. На тие негови патувања го придружуваат и апостолите Лука, Тимотеј, Сила и Тихик кои и самите независно од Светиот апостол Павле работат на христија-низација на овие простори. Низ Македонија проповеда и Светиот апостол Андреј Првоповикан кој и го поставува Светиот апостол Урбан за прв епископ во Македонија.
Богословски факултет Св. Климент Охридски
Македонска Православна Богословија Св. Климент Охридски, Скопје
На 26.09.1967 година Светиот Синод на Македонската Православна Црквадоне-се одлука за отворање Православна Богословија, средно-образовен теолошки центар, од кој што ќе се изнедрува нас-тавниот кадар за потребите на Црквата. Програмата за редовната настава беше утврдена на првиот наставнички совет одржан на 17.10.1967 година со бла-гослов на тогашниот Дебарско- Кичевски Митрополит г. Методиј. На почетокот Богословијата беше сместена во манас-тирот „Горни Свети Илија" во село Бањани во скопската околина.
Исламска заедница
Исламската заедница и нејзините институции
Исламската заедница во Република Македонија е независна органи-зација, која дејствува како правен субјект базиран според исламските норми и правила, како и според законите коишто се на сила. Таа е продолжување на институцијата Шејхул Ислам, од постотоманскиот период кој трае повеќе од 100 години. Во овие краишта работела и дејству-вала во различни форми, под раз-лични владеења и системи, бранејќи го продолжувањето на исламот како од историски, така и од културен и верски аспект.
Факултет за Исламски науки
Средно исламско училиште „ИСА БЕГ МЕДРЕСА"- Скопје
Средното Исламскоучилиште (СИУ) Исабег Медреса е достоен продолжувач на вековната традиција на некогашната медреса што датира од втората половина на 15-тиот век (1469) кога Гази Иса Бегјаосновамедресата со истото име, продолжувајќи ја традиција на неговиот татко, Исак Бег, кој ја изградил првата медреса на Балканот. Вистински блесок на Медресата Иса Бег повторно ќе и биде вратен во 1936 година, кога ќе се реакгивира и ќе се здобие со статус на средно училиште за подготвување имами, муал-лими, и други верски службеници. Во Медресата главно се изучувале верски предмети, како и арапскиот, турскиот, францускиот и бошњачкиот јазик, како и општа и национална историја, географија, математика, физика, хемија, логика, психологаја и педагогија.
Еврејска заедница
Еврејска заедница во РМ
Еврејска заедница во РМ
Краток осврт на историјата на методизмот во Македонија
Можеби голем број од луѓето, кои го слушаат терминот „протестанизам", реагираат збунето. Некои се дури и непријателски расположени, обвинувајќи не како секташи, нововерци. Се поставува прашањето: како протестанизмот дошол во Македонија и на балканските простори и кое е неговото значење. За времето на Инквизицијата и инду-лгенциите многу нешта не биле во соглас-ност со библијата. Мартин Лутер бил калуѓер, кој читајќи ја библијата, дошол до сознание дека треба да се изврши реформа во самата Католичка црква. Во 1517 година Мартин Лутер ги обе-лоденил тезите за реформа.