Краток осврт на историјата на методизмот во Македонија

Можеби голем број од луѓето, кои го слушаат терминот „протестанизам", реагираат збунето. Некои се дури и непријателски расположени, обвинувајќи не како секташи, нововерци. Се поставува прашањето: како протестанизмот дошол во Македонија и на балканските простори и кое е неговото значење. За времето на Инквизицијата и инду-лгенциите многу нешта не биле во соглас-ност со библијата. Мартин Лутер бил калуѓер, кој читајќи ја библијата, дошол до сознание дека треба да се изврши реформа во самата Католичка црква. Во 1517 година Мартин Лутер ги обе-лоденил тезите за реформа.

Проповедањето на чистото евангелие врз основа на библијата, од страна на проф. Мартин Лутер, предизвикало големи протеста, критики и омраза кај тогашните црковни власти. Движењето не било прифатено од црковните власти, па така, наместо во реформирано движење пре-минало во протестанизаи. Движењето на реформата се вика Протестантизам и претставува општо име на повеќе правци и движења за реформи на тогашната црква. Основата на верата во рефор-мираните цркви е Словото Божјо, имено библијата.

Протестанизмот брзо ги преминува границите на Германија. Преку Џон Веслеј (1703-1791), англиски свештеник, реформацијата е пренесена на британско тло. Од овие реформатори настанале реформираните цркви. Верните од Америка во 1820 година ги испратиле првите протестантски миси-онери во Турската империја и тоа е почеток на ширењето на евангелието на балканските простори. Во 1860 година настаната е првата протестантска црква во пиринскиотдел на Македонија. Затворите во Мала Азија, во Солун, во Цариград, биле масовно посетувани од мисионери, кои исклучиво зборувале за верата во Бога. Мисио-нерите нив ги застапувале пред турската власт, при штотиедобивале помилувања. Враќајќи се во своите домови, затво-рениците ја кажувале радосната вест. Првитемисионери во Струмицадошлево 1867 година. Првата протестантска црква во Македонија е отворена во 1882 година во Струмица. Набргу се отворени цркви и во Муртино, Моноспитово, Вељуса, Колешино и др. Покрај науката за верата во Бога, мисионерите ги лугето воспоставувајќи основни училишта од 1 до 4 одделение.

Во 1871 година во Битола е отворено првото училиште за девојки. Таму работеле г-дин и г-ѓа Џени и г-дин и г-ѓа Бонд и други. Едни од многуте мисионери кои работеле во Македонија, посебно во струмичкиот реон, биле: д-р Хаус, д-р Хекел, д-р Купер, и добро познатата мисионерка мис Елена Стон, претставена во македонскиот    игран филм „МисСтон". По првата светска војна,  во  Кралството Југославија,   ЕМЦ   поминувала низ многу тежок      период.

Пане Темков, проповедник, неуморно работел и ја водел   црквата   во Струмица и околните села.

Владимир Даскалов, дипломиран професор на Колумбискиот универзитет во САД, работел во

Самоков како професор. Во 1924 година станува проповедник во Радовиш, а потоа во Струмица. Прв организирал Екуменски духовен хор во Струмица. По ослободувањето тој го проповедал евангелието, но бил и професор по математика во Гимназијата „Јане Сандански".

Во 1922 година Црквата го добила името Евангелско-методистичка црква (ЕМЦ). По Втората светска војна, ЕМЦ од Војводина и од Македонија биле една целина. Проповедниците Никола Арнаудов, Коста Карамазов, Крум Калајлиев, Цеко Цеков и многу други, се

особено важни за тој период од работата на ЕМЦ.

По осамостојувањето во 1991 година создадени се нови структурни и организациски промени за да може Црквата да одговори на новите предизвици. Е М Ц има околу 13 заедници во Македонија, мали групи и поголем број пријатели.

Брои околу 6000 верници. Седиштето и е во Струмица. Е М Ц е интернационална црква, присутна

во 150 земји. 1/1 ма Светски совет на ЕМЦ. Бројот на верници на EMU, e поголем од 76 милиони. Секоја петта година се одржува светска конференција на ЕМЦ. 1/1 сто така, ЕМЦ е вклучена и во Екуменското движење и е членка на Светскиот совет на црквите во Женева. ЕМЦ никогаш не презела акции против други цркви, таа е секогаш отворена за соработка со други цркви и верски заедници. Денес ЕМЦ има добра соработка со Македонска Православна Цр-ква, Католичка црква, Исламска заед-ница и Еврејска заедница.

Подготвила: Милица Попризова

Билтенот меѓурелигиска соработка, би го дообјаснил со зборовите на рефор-маторот Џон Веслеј: Светот е моја парохија, мојот црковен дистрикт, а тоа можам да го кажам преку љубовта Божја, која е во мене.
Тоа значи дека Божјата милост и сила делува врз сите луѓе без оглед на нивната личност или верска припадност. Под Божјото слово сме едно. Да работиме, да Го објавуваме и про-славуваме Божјото име преку изле-гувањето на Билтен за меѓурелигиска соработка.


Одговорен пастор на Евангелско-методистичката црква во Македонија Михаил Цеков