МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
Од историјата на Македонската Православна Црква
Христијанството во Македонија, па и пошироко на Балканот, прв го про-поведа и проширува Светиот апостол Павле при своите мисионерски патувања, за што сведочати Делата Апостолски. На тие негови патувања го придружуваат и апостолите Лука, Тимотеј, Сила и Тихик кои и самите независно од Светиот апостол Павле работат на христија-низација на овие простори. Низ Македонија проповеда и Светиот апостол Андреј Првоповикан кој и го поставува Светиот апостол Урбан за прв епископ во Македонија.
Светиотапостол Силуан бил првиот епископ во Солун, а Епафродит во Адрија или Адријакија (погранично место со Тракија). Што значи дека уште тогаш се поставени темели на орга-низирана црква. Тука би спомнале и дека апостолите Аристарх и Секунд биле Солуњани, Епафродит бил од Филипи, a Гај од Добер (Дервија) кој се лоцира накаде меѓу Струмица и Валандово. Во тоа време Македонија била под римска власт, така што често ги менувала своите граници и својот етнички состав. Како резултат на христијанизацијата извршена во првите три века, веќе на почетокот на IV век Христијаните на просторот на Македонија имале организирана црква со црковна ерархија, чии епископи понатаму редовно учествуваат на по-месните и вселенските собори. Во V век на просторот низ цела територија на Македонија постојат повеќе митро-полии и епископии, од кои попознати биле Солун, Скопје, Хераклеа, Баргала и Стоби. Во тој пероиод и низ цела тери-торија на Македонија никнуваат многу ранохристијански базилики. За време на владеењето на царот Јусти-нијан I (527-565), кој потекнувал од с. Таврисион, близу до денешното Скопје, бил изграден нов град наречен Јусти-нијана Прима, во близината на родното место на царот. Скупскиот митрополит бил издигнат на ниво на автокефален архиепископ. Кателијан бил првиот архиепископ на Архиепископијата Јустинијана Прима. Имало и други архиепископи, како што се: Бененат, Павле, Јован I, Леон, и последниот -Јован IX, кој во 680-681 година учествувал на Трулскиот Собор во Цариград.
Во VII век на територијата на Маке-донија е извршена словенска коло-низација при што доаѓа до мешање на староседелцитесо Словените. Нивната христијанизација започнува во IX век, со делото и со животот на браќата Свети Методиј и Кирил, кои потек-нувале од Солун. Тие ја составиле азбуката на словенскиот јазик и го превеле Светото Писмо и другите дела што биле потребни, за да можат цр-ковните служби да се молитвословат на јазикот на кој зборувал народот. Нивното дело го продолжуваат Свети Климент и Свети Наум Охридски, Свети Константин Брегалнички и нивните ученици кон крајот на IX и почетокот на X век.
Свети Климентго основал првиотУнивер-зитет на Словените на овие простори, a Свети Наум го основал првиот словенски манастир на брегот на Охридското Езеро. Во втората половина на X век, во рамките на Самуиловата држава е организирана Охридската автокефална архиеписко-пија, во достоинство на патријаршија, a подоцна, по паѓањето на Самуиловото Царство, повторно е сведена на степен на архиепископија и како таква постои цели осум века, се до 1767 година кога е укината. Пред самиот крај на втората светска војна, во 1944 г., во селото Врановци е создаден Иницијативен одбор за организирање на Македонската православна црква. Во месец март 1945 година во Скопје е одржан првиот црков-но-народен собор, на кој е донесена Резолуција за обновување на Охридската архиепископија, како Македонска пра-вославна црква.
Денес, Македонската православна црква е возглавена од Неговото Блаженство, архиепископот охрмдски и македонски г.г. Стефан. Тој заседава со Светиот архиерејски синод на МПЦ. Тери-торијата на Македонија е поделена на седум епархии во рамките на М П Ц. Во епархиите на МПЦ активно служат околу 400 свештеници. Во околу два-есетинаживи манастири натериторијата на М П Ц во молитва и монашки подвиг го чуваат живото светоотечко предание над 100 монаси и монахињи. Надвор од границите на Македонија во рамките на МПЦ влегуваат Американ-ско-канадската епархија, Австралиско-новозеландската епархија возглавена од митрополитот г. Петар и Западноевроп-ската епархија возглавена од митро-политот г. Горазд.
Продолжувајќи ја просветителската мисија на Охридската Светиклиментова школа, согласно современите текови на теолошките науки, во апостолски дух, Средното богословско училиште Св. Климент Охридски и Богословскиот факултет Св. Климент Охридски во рам-ките на М П Ц, секоја година обучуваат млади теолози, учители по веронаука и идни свештеници.
Подготвил: Дејан Димитријевски
|
|