Богословски факултет Св. Климент Охридски
Македонска Православна Богословија Св. Климент Охридски, Скопје
На 26.09.1967 година Светиот Синод на Македонската Православна Црквадоне-се одлука за отворање Православна Богословија, средно-образовен теолошки центар, од кој што ќе се изнедрува нас-тавниот кадар за потребите на Црквата. Програмата за редовната настава беше утврдена на првиот наставнички совет одржан на 17.10.1967 година со бла-гослов на тогашниот Дебарско- Кичевски Митрополит г. Методиј. На почетокот Богословијата беше сместена во манас-тирот „Горни Свети Илија" во село Бањани во скопската околина.
Ја започ-на редовната настава на 01.11.1967 година со 68 ученици од сите пет класови. Професорскиот колегиум беше составен од тројца редовни и шестмина вонредни професори, а првиот ректор на училиш-тето беше професорот Борис Бошковски. Следната година училиштето е премес-тено во селото Драчево. Учебната година започна на 04.12.1968 година. Заради лошата состојба, зградата на училиштето е реновирана во 1973 година. Во учебната 2001/2002 година училиш-ната настава се одвиваше во конаците на ставропигијалниот манастир „ Рождество на Пресвета Богородица", во с. Калишта, Струга. Во истиот временски период се реновираше комплексот на Богословијата во Драчево, којашто прерасна во уста-нова од современ тип. Беше изграден и нов параклис посветен на патронот на училиштето - Свети Климент Охридски. Школувањето трае пет години во услови на интернатски живот. Денот започнува со станување во 5 часот и 45 минути, по што следи утринска молитва и појадок. Потоа започнува редовната настава којашто продолжува со ручек и одржу-вање на воннаставни активности. Сле-дува вечерната молитва, две занимања за учење, вечера, гледање телевизиска програма и уште едно занимање. На крајот заедничка молитва пред спиење, а во 22 часот подготовка за ноќен одмор. Од воннаставните актив-ности застапени се следните секции: богословска три-бина, литературна секција, училишен хор, еколошка секција, хуманитарна сек-ција, секција на Црвениот Крст и спортска секција. Co секциите раководат профе-сори. Богословијата има училишна библиотека којашто располага со книжен фонд од 5.979 книги. Од досега дипломираните богослови, значајно е да се спомене дека повеќемина се здобија со дипломи како дипломирани теолози на нашиот Богословски факултет или во странство. Има неколку магистри и доктори по теолошки науки. Радува и фактот дека од крилото на Богословијата имаме и двајца митрополити, Тимотеј и Стефан. Што се однесува до монаштвото во Македонија, чиешто возобновување е во тек, од учениците во Богословијата до-сега се замонашиле шестмина.
Подготвил: Дејан Димитријевски
Православен Богословски Факултет Св. Климент Охридски, Скопје
Сегашен декан на Факултетот е протоереј ставрофор отец д-р Јован Таковски. На Факултетот предаваат петнаесетина професори, кои што досега се истакнале во практиката со високостручна работа и со научни резултати. Факултетот очекува подмладок на наставниот кадар од асистенти што се на постдипломски студии во Букурешт, Белград, Велико Трново и Рим. Во периодот од 1982 до 2004 година дипломирале 150 студенти - теолози. Многумина од нив денес се професори во средното Богословско училиште или на факултетот, или веро-учители во основните школи и при паро-хиските цркви. Носители на диплома од овој факултет се и тројца митрополити, членови на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ (митрополитите Кирил, Ага-тангел и Наум), еден епископ - Отец Гаврил Светогороец, епископ Велички и повеќе монаси.
Православниот Богословски Факултет „Свети Климент Охридски" во Скопје остварува соработка со Универзитетот во Скопје преку препраќање на наши тео-лози за стекнување со виши степени на други универзитети, потоа преку размена на професори и на друг план. Врска со Богословските факултети (или институти) во Букурешт, Белград, Велико Трново и Рим, на некој начин се и нашите постдипломци, односно докторанти. Факултетот издава Годишник - Зборник со научни трудови, додека студентите имаат свое студентско гласило - „Пра-вославен Благовесник". Студентите своите активности ги изразуваат преку Студентското друштво, кое го организира издавањето на студентското гласило и студентската теолошка трибина. На Православниот Богословски Факултетво Скопје денес студираат повеќе од 250 студенти од кои што две третини се редовни.
Подготвил: Дејан Димитријевски
|