Прес конференција на група невладини организации
Скопје, 7 март
Група невладини организации од Македонија, поттикната од зачестеното кршење на човековите права и зачестените случаи на полициска бруталност, реши да ја алармира јавноста за неодамнешните настани (Куманово, Прилеп и Штип) и да побара постапки за утврдување на кривичната и политичката одговорност на одговорните лица и институции. По тој повод денес беше организирана конференција за печатот во хотелот Холидеј Ин.
На прес конференцијата беа презентирани Декларацијата за пречекорување на службените овластувања на полицијата и Декларација за случајот на Ј.Ш. од Штип (текст), што ги донесоа група невладини организации.
Прес конференцијата се одржа непосредно пред одржувањето на седницата на собраниската Постојана комисија за заштита на правата и слободите на граѓаните, на која една од точките на дневен ред ќе биде случајот во Куманово.
На прес конференцијата зборуваа Феат Камберовски од Форумот за правата на Ромите Арка, Куманово, Шенај Османов од Здружението за правата на Ромите од Штип, Сашо Клековски од МЦМС и двајцата оштетени во “кумановскиот случај”, Скендер Садиковиќ и Мемет Далиповски.
|