|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
„КУМАНОВСКИ“ СЛУЧАЈ
На ден 07.02.2003 година, под сомнение дека се сторители на кривично дело „кражба“, две лица од ромска националност, С.С. (26) и М.Д. (25) биле приведени во полициската станица во Куманово. При приведувањето, извршен бил претрес на нивните куќи, без судски налог. Лицето С.С. било претепано во сопствениот двор, пред очите на неговите три малолетни деца и повеќемина соседи. Лицето С.С. во полициската станица било подложено на жестока тортура во која активно учествувале шест полицајци, кои го тепале со намера да ја признае “вината”. При шестчасовното малтретирање, полицајците користеле дршка од секира и го удирале лицето С.С. во долниот дел од ‘рбетот и во пределот на бубрезите. После сето измачување, на оштетеното лице не му е побарана изјава, ниту, пак, од него било побарано нешто да потпише. Полицијата го известила лицето дека вистинските виновници се пронајдени, се извинила за тепањето и го ослободила од полициската станица. Лицето С.С има здобиено тешки телесни повреди во долниот дел од ‘рбетот и модринки по целата глава, за што има и лекарско уверение.
Лицето М.Д., приведено на 07.02.2003 година заедно со лицето С.С., било задржано во полициската станица се до 17 часот наредниот ден, кога било ослободено по интервенција на адвокат, ангажиран од неговиот дедо. Во тој период, лицето М.Д. било тепано од страна на двајца полицајци, кои со тупаници го удирале во пределот на главата. Подоцна се приклучиле уште тројца полицајци, кои го удирале лицето М.Д. по сите делови на телото.
Како резултат на тепањето, лицето М.Д. се здобило со тешки повреди на увото и на главата, како и модринки по целото тело, за што лицето поседува лекарско уверение.
Заедничко и за двете лица се добиените навреди и пцости („мајката циганска“) на национална основа.
Форумот за правата на Ромите “АРКА” од Куманово, по добиената информација од оштетените лица, ги презеде следните активности:
- испрати приговори за двата случаи до началникот на СВР Куманово; - поднесе претставка до Постојаната комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните при Собранието на Република Македонија; - испрати пријава до Народниот правобранител на Р.Македонија; - во тек е постапка за поднесување кривични пријави до Јавниот обвинител.
Информацијата ја подготвил: Феат Камберовски, Форум за правата на Ромите “Арка”
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|