|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
„ПРИЛЕПСКИ“ СЛУЧАЈ
На ден 08.02.2003 година околу 12:30 часот, три лица од ромска националност: Ј.Р. (27), С.Р. (20) и Е. Ш. (18) биле запрени од двајца полицајци, кои им побарале лични карти. Тие им одговориле дека во тој момент не ги носат личните карти со себе. Полицајците ги повеле лицата во полициската станица за да ги легитимираат. Во станицата, Ромите биле повикани во посебна канцеларија каде што имало само двајца полицајци. Веднаш потоа дошле околу петнаесетина униформирани полицајци, ја затвориле вратата од канцеларијата и без никакви прашања започнале да ги тепат тројцата приведени. По кажување на тепаните само двајца полицајци не учествувале во тепањето.
Првата „сеанса“ од тепањето траела околу 5 минути. Полицајците биле со гумени палки во рацете, а еден од нив држел дрвена палка и повремено ги удирал по телото. По завршувањето на тепањето, лицата биле прашувани каде е стариот човек што наводно го тепале. Откако не добиле задоволителен одговор, полицајците продолжувале со тепањето.
По извесно време им поставиле ново прашање, но, овој пат побарале да признаат каде е старата жена и каде се нејзините пари. Лицата побарале од полицајците да ја повикаат наведената личност за препознавање и соочување. Полицајците одбиле и продолжиле да ги тепаат трите лица.
Со потсмев и навредување, полицајците барале од лицата да покажат како се молат во џамијата и да испеат една од песните што се пеат при молитвите во џамијата. Кога и ова не било прифатено, полицајците продолжиле со тепањето, се до 15.30 часот истиот ден, кога трите лица биле ослободени од полициската станица.
Пред ослободувањето, лицата биле насилно принудени да потпишат изјава дека немаат никакви забелешки на однесувањето на полицајците во полициската станица. Според повредените лица, изјави со слична содржина (дека нема да покренуваат никаква постапка за утврдување одговорност во врска со случајот) потпишале и нивните родители, кои биле повикани во полициската станица.
За оваа случка известила локалната прилепска телевизија „Прилеп“ во својата емисија „Спектар“, во која биле прикажани снимки од повредите на трите тепани лица.
Информацијата ја подготвил: Шенај Османов, Здружение на правата на Ромите - Штип
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|