|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Делегацијата на Европската комисија
Делегацијата на Европската комисија ја доделува наградата “Жан Моне” за најдобар новинарски напис за 2005 година
Делегацијата на Европската комисија го објавува конкурсот “Жан Моне” за најдобар новинарски напис на тема поврзана со Европската Унија за 2005 година.
Наградата “Жан Моне” ќе биде доделена за значајни постигнувања во обработувањето на европската тематика и подобрувањето на информираноста на јавноста за процесот на стабилизација и асоцијација.
Наградата се состои од мала статуетка и парична награда од 500 евра.
Учесниците во конкурсот треба да испратат:
· Биографија; · Фотокопија од објавениот напис; · Име и адреса на медиумот за кој работат; · Телефон, факс или e-mail адреса.
Пријавените написи треба да ги исполнуваат следните критериуми:
· Треба да се индивидуални авторски материјали; · Треба да се одликуваат со аналитичност, актуелност, објективност и сопствен стил; · Треба да се објавени од 17 ноември 2004 до 17 ноември 2005 година и да ја содржат датата на објавување и името на медиумот.
Секој од учесниците во конкурсот може да испрати максимум 3 новинарски написи.
Пријавените написи ќе бидат оценувани од страна на независно жири, вклучувајќи експерти од професионални новинарски здруженија, академски институции, претставници на амбасадите на земји-членки на ЕУ и/или земји-кандитатки и на Делегацијата на Европската комисија во Скопје.
Жирито има право да ги отфрли пријавените написи кои не одговараат на горенаведените критериуми.
Новинарските написи треба да се достават најдоцна до 17.00 часот на 28 ноември 2005 година (ќе се зема предвид датумот на поштенската пратка) на следнава адреса:
Делегација на Европска комисија Маршал Тито 12 1000 Скопје За конкурсот “Жан Моне”
Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 15 декември 2005 година.
Наградата "Жан Моне" за најдобар новинарски напис за 2005 година se organizira vo tesna sorabotka so Makedonskiot institut za mediumi.
Контакт лице: Biqana Petkovska Makedonski institut za mediumi tel: 3298 466 faks: 3290 483 E-mail: bb@mim.org.mk |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|