|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
НВО САЕМ - 3 форум на граѓанското општество
100 Години Македонска државност - Мишко Докмановиќ
Почитувани, Ми претставува особена чест и задоволство што можам да ве поздравам и да ја отворам расправата на тема “ 100 години македонска државност и граѓанските иницијативи во тој период”
Денеска треба да бидеме горди што ние сме генерацијата која ја има честа да ја одбележи стогодишнината на македонската државност. Илинден е големо дело на “ малиот ” македонски народ, тоа е еден јуриш кон ѕвездите, една саможртва за сопствената слобода.
Тезата што денес ја застапувам е дека корените на граѓанското организирање не се од вчера, не се од пред десетина, туку тие се присутни во целио овој период од 100 години. Би се задржал на периодот од Илинденското востание до Версајската мировна конференција односно во периодот на трите клучни години ( 1903, 1913, 1919 година)
Тука не смееме, а де не ги спомнеме активностите што му претходат на востанието преку едно широко организирање на населението во подготовките на востанието, активности на Народната Федеративна Партија и настапите на македонските пратеници во турскиот парламент, активностите на македонската колонија во Петроград и на македонската емиграција во Швајцарија. Не случајно австрискиот конзул Пара во Солун ќе напише: “Народната федеративна партија, поради својата програма, станала социјалдемократско здружение.”
Од овој скромен и краток преглед на граѓанските иницијативи можат да се извлечат повеќе заклучоци за карактерот, природата на граѓанското организирање и да се направи паралела со денешните организации од тој тип. Мора уште на самиот почеток да се подвлече дека се работи за период во кој демократијата била мислена именка што самото по себе може да н# навлече на заклучокот дека во едно феудлано општество во распаѓање е невозможно да постојат форми на граѓанско организирање, а уште повеќе е невозможно да се компарираат тие иницијативи со оние што денеска постојат во нашето секојдневие. Понудениот историски преглед нуди сосема поинаква слика, слика кој што ни порачува дека не само што може да се компарираат граѓанските активности туку можат и рамо до рамо да се носат со оние денешните.
Притоа, неизбежно е, а да не се нагласи нивната политичка обоеност која произлегува од самиот факт што граѓанските иницијативи биле фокусирани кон промена на постојните општествени односи од феудален карактер и нивна замена со демократски општествен режим. Посакуваните промени биле изводливи единствено преку револуционерна вооружена борба, при што употребата на евентуални политички методи би била сведена на минимум. Во тој контекст, низ целиот париод, кој што беше предмет на наша анализа, очигледно е дека носителите на граѓанските иницијативи имале мошне солидни познавања на принципите на либералната демократија што се гледа во самото устројство на Крушевската република, залагањата за формирање на уставотворно собрание, воведувањето на министерската одговорност, за воведување на одредени социјални права како и правото на слобода на изразувањето, како и враќањето на бегалците.
Истотака кристално јасна е сличноста која постои помеѓу граѓанските иницијативи некогаш и денес во однос на примената на средствата за постигнување на целта. Средствата што, еџемпли цауса, ги користело политичкото здружение “ Македонија на Македонците ” се идентични со оние методи на анимирање на јавноста што се користат и денес ( митинзи, собири, апели, резолуции, предлог - програми итн). Во тој правец мора да се посвети внимание на фактот што огромен број на професори, новинари, парламентарци, писатели се зазеле за решавање на македонското прешање во полза на македонскиот народ. Доволно е само да се види листата на почесни членови на Главниот совет на македонските друштва во Швајцарија и с# е јасно. Сите тие верувале дека со нивните граѓански иницијативи ќе го помогнат македонското националослободително движење.
Почитувањето на правата на малцинствата е уште еден сегмент кој зазема значајно место во активностите во овој период. Со самото создавање на Крушевската република, во нејзиниот Манифест беше нагласен мултиетничкиот карактер на државата во која Македонците, Албанците, Турците, Власите, Ромите рамноправно ќе живеат. Тоа уште еднаш покажува дека потребата од етнички соживот постоела уште многу одамна. Овие принципи се вградени и во програмата на НФП.
Од аспект на денешните случувања интересен е фактот што голем број од опфатените организации ја нагласувале потребата од возобновување на Охридската архиепископија.
Сумма суммарум, можеме да заклучиме дека првенствено граѓанските иницијативи биле насочени кон политички промени на статусот на Македонија и на македонската нација, но и дека тие се занимавале се секојдневните проблеми на населението. Иако овие иницијативи не вродиле со успех, тие одиграле извонредна улога во зачувувањето на идентитетот и во јакнењето на самодовербата на македонската нација. Токму овие работи ќе имаат пресудно значење во создавањето на македонската држава како федерална единка во поствоена Југославија, но и во прогласувањето на самостојна и независна Република Македонија на референдумот одржан на 08.09.1991 година.
Би завршил со зборовите на ирскиот патриот Роџер Кејсмент “ Знам само две трагични истории во светот – онаа на Ирска и онаа на Македонија. И двете биле лишувани и измачувани.”
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|