среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  2005

   

Улога на граѓанскиот сектор во обезбедување здравствени услуги                

Да се овозможи лекување на маргинализираните општествени групи 
 

Невладиниот сектор одигра круцијална улога во обезбедување на пристапот до здравствените услуги на маргинализираните општествени групи. Кога невладините организации пред десетина години почнаа да обезбедуваат дел од здравствените услуги, пред се, за вулнерабилните групи, многумина тоа го протолкуваа како почеток на паралелен здравствен систем во државата.
Меѓутоа, се покажа дека граѓанскиот сектор е партнер на Министерството за здравство, и дека некои акции кои ги иницираше цивилниот сектор беа во насока на демистификација на одредени здравствени проблеми, како што е на пример сидата или хепатитис Ц, болести кои беа врзувани за хомосексуалноста и интравенозно земање дроги.

Ова се некои од заклучоците на форумот “Улога на граѓанскиот сектор во обезбедување здравствени услуги” што го организираа невладините организации ХОПС и ХЕРА, а кој предизвика големо интересирање кај посетителите на петтиот НВО саем. 

“Значењето на невладините организации е во тоа што на јавноста и укажаа дека постојат маргинализирани општествени групи, како што се интравенозни корисници на дрога, бездомници, хомосексуалци, алкохоличари, ментално болни. Цивилниот сектор  ја разбуди свеста на јавноста дека овие групи се дел од нашето општество, дека тие се тука покрај нас, дека тие не се некои други”, истакна д-р Владанка Андреева од УНАИДС.

“Соработката меѓу невладиниот сектор и  Министерството за здравство треба да се дефинира. Ако на почетокот соработката беше со сомнежи од двете страни, денес  веќе ситуацијата е поинаква. Партнерскиот однос е воспоставен откако на Македонија и беа доделени средства од  глобалниот здравствен фонд, кој државата и го доби затоа што го исполни условот кој го поставија странските донатори. А,  условот беше  најмалку педесет отсто од средствата да  им бидат доделени  на невладините организации. Македонија од глобалниот здравствен фонд доби 4,3 милиони долари што е навистина значајна сума”, истакна д-р Дарско Костовски од невладината организација ХОПС - опции за здрав живот.

Она што ХОПС им го овозможува на своите пациенти е санирање на последици од долготрајно и неправилно инјектирање, советување за терапевтски модели, советување за штетните последици од употреба на дроги и намалување на штетите, гинеколошки прегледи и слично.

“За седум години постоење на ХОПС ние им пруживме услуги на 1.862 пациента, а направени се 12.323 интервенции. Невладиниот сектор нема претензии да стане паралелен систем во здравството, туку да им овозможи пристап до здравствените услуги на оние луѓе кои се на маргините на општественото живеење, а многумина од нив немаат ниту социјално осигурување”, објасни Костовски.

Д-р Стефан Стојановиќ од невладината организација ХЕРА, пак, објасни дека цивилниот сектор ги прилагодува здравствените сервиси на приоритетите на локалната заедница. “Во рамките на ХЕРА е основан младински центар за сексуално здравје “Сакам да знам”, а здравствените услуги  се прилагодени кон потребите на целната група - пред се средношколската младина. Така, 230 млади ја посетиле гинеколошката амбуланта, во најголем број девојки, но и значаен процент момчиња ја посетија амбулантата. Дерматовенеролошката амбуланта пак, ја  посетија 53 пациенти - ученици во средниште училишта. “

Д-р Сандра Кузмановска, од Министерство за здравство истакна дека е факт дека невладините организации нашле начин како да се приближат кон маргинализираните општествени групи. “Невладиниот сектор е значаен партнер во областа на здравството. Глобалниот фонд за здравство  се користи по принципот - 41 отсто за владата, а 59 отсто од средствата се за невладиниот сектор. Носител на програмата за глобалниот фонд е Министерството за здравство, додека севкупната програма од овој фонд се имплементира со помош на педесет и четири организации. “, додаде Кузмановска.

Учесниците на панелот се согласија дека е предизвик да соработуваат невладиниот и владиниот сектор во областа на здравството, а некои од панелистите нагласија дека можеби товарот од заедничката активност ќе мора да ја понесат лекарите кои работат во примарната здравствена заштита, кои ќе морааат да го продолжат своето работно време поради зголемениот број пациенти.

Но, факт е дека таму каде што владата не наоѓа модел за лекување или не ја препознава својата улога стапуваат на сцена невладините организации, заклучија за крај панелистите на овој форум.                                       


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA