|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Споредбена анализа “Интеграцијата на Ромите во Словачка и во Македонија” на Ебен Фридман
Ромите најинтегрирани во Македонија
Република Словачка најверојатно најлошо ги третира своите Роми, додека степенот на политичка интеграција на Ромите во Република Македонија можеби е највисок. Сепак, тие и натаму се на маргините на општеството, што укажува на огромното поле за работа на оваа проблематика.
“Интеграцијата на Ромите во Словачка и во Македонија – компаративна анализа” е насловот на трудот на Ебен Фридман, во издание на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), промовиран на 24 јануари во Скопје
Трудот претставува дел од докторската теза на Ебен Фридман, доктор по политички науки на Универзитетот на Калифорнија, Сан Диего, под наслов “Објаснување на политичката интеграција на малцинствата: Ромите како тежок случај”. Авторот ја базира неговата докторска теза на двегодишното теренско истражување во Словачка и во Македонија, а во компаративната анализа опфатени се делови за Словачка и за Македонија, за општата состојба на Ромите, за политиката на владите и за ромската стратегија за справување со проблемите.
“Во посткомунистичкиот период на Југоисточна Европа Република Словачка најверојатно најлошо ги третира своите Роми, додека степенот на политичка интеграција на Ромите во Република Македонија можеби е највисок. Сепак, тие и натаму се на маргините на општеството, што укажува на огромното поле за работа на оваа проблематика” - потенцира авторот Фридман.
За изданието, извршниот директор на МЦМС, Сашо Клековски, додаде:
“Со издавањето на компаративната анализа се постигнуваат две цели. Првата е согледување на состојбата со ксенофобијата, почитување на разликите и толеранцијата во Македонија, и тоа на случај на ‘мало’ малцинство. Ова е важно од аспект на градење мултикултурно, а не моно или бикултурно општество. Втората е придонесот во градење ‘национална стратегија’ за справување со проблемите на Ромите и во пресрет на Ромската декада 2005–2015. Корисноста е зголемена со можноста за споредба (со Словачка) и со фактот дека авторот е независен и непристрасен набљудивач”.
“Кога првпат ми се обрати авторот во ИСППИ, помислив дека ова е уште еден човек којшто повремено доаѓа и си оди, работејќин а една толку чувствителна проблематика. Но, се излажав. Со неговиот ентузијазам и упорност тој го научи и македонскиот јазик, со што си ја олесни работата за остварување непосреден искуствен елемент. Книгата е обид да се покаже отпор кон расистичките вкоренети уверувања, кои не можат да се искоренат со декларативни заложби”, истакна промоторката Мирјана Најчевска од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања и претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права од Скопје.
Изданието е дел од програмата „Применето образование на младите Роми”, кое МЦМС ја спроведува со финансиска помош од Данската црковна помош (ДЦА) и од Унијата на данските средношколци.
Покрај печатеното издание на дел од неговата дисертација, објавено е и цеде на англиски јазик на целиот текст на трудот.
Д. Медароски
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|