|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Разговор со Федор Черне од владата на Република Словенија за улогата на невладиниот сектор во евроинтеграциите
Невладин сектор како едукатор на граѓаните Федор Черне кој во владата на Словенија е во делот задолжен за евроинтеграциите беше еден од учесниците на презентацијата за членството на Словенија во ЕУ како фактор за јакнење на граѓанските организации. Која беше улогата на невладиниот сектор во Словенија за време на аплицирањето на Вашата земја за членство во ЕУ и подоцна кога Словенија стана земја кандидат ? Морам да нагласам дека невладините организации беа дел од преговорите за членство на Словенија во Европска Унија. Тоа значи е фактографси податок, затоа што преговорите се техничка работа. Она што сметам за многу позначајно е тоа што невладините организации придонесоа многу на две полиња. Прво невладините организации одлично ја следеа и имаа одлични познавања од областа на европската легислативе и нејзиното имплементирање во Словенија. Имплементацијата бараше многу промени и при имплементирањето на новите законски одредби соработката со граѓанскиот сектор беше од особена важност. Граѓанскиот сектор на моменти беше и евроскептичен во една позитивна смисла. Што мислам со тоа? Добро е да се укаже и на некои неправилности и како да се надмине тоа, добро е да се совладаат и некои стравови…. Какви стравови имаа граѓаните на Словенија во однос на влегувањето во Европска Унија? Стравовите беа за и околу економските прашања, можеби и околу националниот идентитет, но тука уште еднаш голема улога одигра граѓанскиот сектор со одржување на многубројните форуми на кои граѓаните поставуваа прашања во врска со своите стравови. Тие форуми допринесоа во многу да се разбијат одредени фами и стравови. Која е улогата на граѓанскиот сектор сега кога Словенија е веќе членка на ЕУ? Тие и понатаму се многу активни, дел се од владата на Словенија, нивната активност никако не престана со влегувањето на Словенија во ЕУ. Напротив, таа доби едни нови димензии. Сега нашите граѓански организации имаат пристап кон грантови за кои порано не можеа да конкурираат, соработуваат со граѓански асоцијации од други европски земји, така што поле на нивното дејствување се прошири. |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|