|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
4 ФОРУМ НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО
Завршна пленарна сесија
Улогата на граѓанското општество во процесот на приближување кон Европската Унија
· Приближувањето кон Европската Унија е приближување кон принципите на „европското владеење“: отвореност, партиципативност, демократски пристап, кохерентност, институционални форми на дијалог, Комитет на региони, Економско-социјален комитет. · Македонија, во процесот на приближување кон ЕУ треба да ги искористи сите расположливи ресурси, вклучувајќи ги и луѓето (кадрите) од граѓанскиот сектор. · Граѓанското општество, вклучувајќи ги и медиумите, треба да покажe визионерство и храброст во менување на свеста и однесувањето на јавноста во насока на приближување кон ЕУ. · Седум од осум прашања кои беа поставени се однесуваа на што може да направи Владата за европската интеграција и што може да направи Владата за граѓанските организации.
Членството на Словенија во Европската Унија како фактор за јакнење на граѓанските организации; Улогата на Секторот за европска интеграција во процесот на европската интеграција – осврт на тековното одговарање на прашалникот;
· Вклучувањето на граѓанските организации во процесот на европските интеграции е заединички интерс, а не формално барање од страна на Европската Uнија (ЕУ). · Потребно е да се изгради доверба помеѓу Владата и граѓанските организации како рамноправни партнери. · Приоритетите на кои треба да се стави акцентот за стекнување статус на земја-кандидат за членка на ЕУ во 2006 се: Охридскиот договор/децентрализацијата, реформите во правосудството и полицијата и структурните реформи и макроекономската стабилност. · Процесот за влез во ЕУ е комплексен, долг и скап, затоа се потребни јаки институции кои ќе соработуваат со граѓаните.
Децентрализација – департизацијата како формула за успешна локална демократија
· Децентрализацијата треба да води кон зголемена партиципативност. Во Македонија тоа е среднорочен приоритет и еден од битните критериуми за статус на земја-кандидат за ЕУ. · Партизацијата во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) е еден од клучните недостатоци што го попречува процесот на децентрализација и го блокира процесот на одлучување во ЕЛС. · Односите на ЕЛС и граѓанските организации се карактеризираат со недоверба: граѓанските организации истакнуваат нетранспарентност, непотизам и корумпираност на партиска основа на ЕЛС, а од друга страна – ЕЛС истакнува непрофесионализам и зголемен интерес за децентрализацијата поради зголемената алокација на финансиски средства кај граѓанските организации.
Намалување на невработеноста преку подобрување на пристапот до финансиски услуги
· Во Република Македонија особено недостасуваат финансиски услуги за почетници на бизнис. 75 % од невработените се заинтересирани за мал бизнис, но истовремено истите имаат најмали шанси за добивање кредит. · Во Република Македонија постојат повеќе институции што обезбедуваат микрокредити, а дел од комерцијалните банки имаат и одделенија за микрокредитирање. · Потребна е институционална поддршка на приватниот сектор и поголема координација меѓу актерите за поддршка на развојот (Влада, развојни агенции, гарантни фондови).
Модели на изготвување национални стратегии
· Во процес е креирање на Националната програма за развој на образованието и Стратегијата за развој на информатичко општество, додека Националната стратегија за млади е во завршна фаза. · Во сите три национални стратегии соработката со граѓанските организации и експертските тимови е клучна, а посебно во Националната стратегија за млади е обезбедена значајна вклученост на младинските организации. · Во процесот на креирање на националните стратегии се вклучуваат претставниците од политичките партии, со што се овозможува спроведувањето на овие долгорочни документи.
Високото образование, корупцијата и студентските права
· Корумпираноста во високото образование ја „поттикнуваат“ некои студенти, на кои им е полесно да платат отколку да научат. · Студентскиот правобранител во две и пол години работа примил 160 пријави, од кои ниедна не се однесува на корупција. · Ниеден случај на корупција во високото образование не завршил со правосилна пресуда.
10 години граѓанско општество во Југоисточна Европа: Што успеавме да постигнеме, а што тргна на лошо?
· Развојот на граѓанските организации во ЈИЕ, како и во другите посткомунистички држави, многу зависеше од надворешната помош од Западна Европа и од САД и е насочена кон граѓанските организации, кои дејствуваат во полето на демократијата. Засновани на таков концепт, значителен дел од граѓанските организации сe уште се антивладино расположени. · Граѓанските организации и Владата треба да одлучат за меѓусебните односи, врз основа на тоа какво општество сакаат да градат. · Најголем предизвик е корупцијата на довербата на луѓето во Владата.
Стратегии за одржливост на граѓанскиот сектор во Македонија – Дали граѓанскиот сектор може да биде одржлив без надворешно финансирање?
· Само 4% од средствата доаѓаат од донации од индивидуалци, од бизнис-секторот исто така 4%, од централната или локалната власт 8%, од сопствени извори 10%, а 74% се финансираат од грантови. · Граѓанските организации не се залагаат во мобилизацијата на средствата на локално ниво и не се доволно промовирани во јавноста. · Потребни се амандмани во Законот за здруженија на граѓани и фондации (економските активности на граѓанските организации, статус на организации од јавен интерес, бенефиции на данокот за индивидуални и корпоративни донатори, волонтеризам). · Владата на Република Македонија во Генералниот секретаријат формира канцеларија за соработка на граѓанските организации.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|