|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Кажи Македонија
ОТВОРЕНО ПРОТЕСТНО ПИСМО
До: Г-нот Јан Клеијссен Директор на Канцеларијата на Генералниот Секретар
ЦЦ: Совет на Европа Странските Мисии во РМ Влада на РМ Собрание на РМ Кабинет на Престедателот на РМ Локални и меѓународни Медиуми Организација на Обединети Нации Сите други заинтересирани страни
Во врска со: Директивата ЕБ (2004) 05 од 2 март 2004 година, за членовите на Извршниот Одбор, Референци за „Поранешна Југословенска Република Македонија“ и лицата кои припаѓаат на малцинство или кои зборуваат јазик на малцинство надвор од земјата.
Г-не Клеијссен,
Остро протестираме против обидот, со Директивата ЕБ (2004) 05 од 2 март 2004 година, да се воведе една измислена националност, јазик и култура да се воведе.
Ова Протестно Писмо се однесува на Директивата ЕБ (2004) 05 од 2 Март 2004 година, која воведува нови „референци за ’Поранешна Југословенска Република Македонија‘ и лицата кои припаѓаат на малцинство или кои зборуваат јазик на малцинство надвор од земјата (...) за да се користат за сите цели во рамките на Советот на Европа.“ Овие референци, очигледно директно ги напаѓаат идентитетот, традицијата и културата на македонската нација, што е во спротивност со веќе прифатените меѓународни стандарди и принципи.
Освен тоа, Директивата сама по себе содржи правни контроверзи. Таа се повикува на Резолуцијата (95) 23 усвоена од Комитетот на Министри на 19 Октомври 1995, во која стои: „За сите цели во рамките на Советот на Европа, оваа држава привремено да биде именувана како ’Поранешна Југословенска Република Македонија‘ додека не се надминат разликите кои се појавија околу името на оваа држава”. Во Резолуцијата (95) 23 не постојат било какви дополнителни одредби кои би се однесувале на категориите „националност“, „култура“ или „јазик“, кои се воведуваат со ова Директива. Во Резолуцијата не се вклучени нити одредби кои би се однесувале на лица кои припаѓаат на малцинства или кои зборуваат јазик на малцинства надвор од земјата.
Според Европската Конвенција за Државјанство од 06.11.1997, „државјанството“ претставува правно поврзување помеѓу едно лице и државата и не ја определува етничката припадност на лицето. Според истата Конвенција „Секоја држава дефинира во своите закони кои се нејзините државјани“.
Ниту меѓународното право, ниту пак етиката и дава за право на некоја организација или на друг субјект во рамките на меѓународната заедница да одлучува за идентитетот и потеклото на една нација. Со должна почит кон внатрешната структура и активностите на Генералниот Секретаријат на Советот на Европа, од суштинско значење е, основниот принцип на Советот на Европа, т.е. почитувањето на човековите права, да продолжи да биде основна насока во работењето на оваа Организација.
Понатаму, Република Македонија е мултиетничка држава. Дефинирајќи ги сите македонски граѓани како лица со „Македонски (Словенски)“ јазик, култура, традиција итн., може да отвори сериозни прашања кај другите етнички групи кои живеат во Македонија и со тоа да ја загрози имплементацијата на Охридскиот рамковен договор.
Затоа, сметаме дека овој акт претставува грубо кршење на меѓународното право, кое е против било какви акции кои ги загрозуваат идентитетот и интегритетот на една нација. Во прилог на ова, овој акт е во спротивност со сите претходно направени напори за зачувување на културната различност во регионот.
Содржината на Директивата отвара многу прашања: Која е намерата за ваков акт и што треба следно да се очекува? Дали ова подразбира понатамошно редефинирање на националностите, јазиците и културната различност во целиот Балкански регион?
Нема да ги бараме очигледно опасните одговори на овие прашања. Сакаме да веруваме дека овој акт е резултат на обидот за примена на чисто бирократски пристап кон сериозното геополитичко прашање и / или од недоволното разбирање на проблемите и тензиите во Балканскиот регион.
Како граѓани на Република Македонија, Ви препорачуваме да го ревидирате овој документ. Доколку не го направите, тоа несомнено ќе предизвика Ваша лична политичка одговорност, особено со оглед на фактот што, како што изјави Генералниот Секретар на Советот на Европа г. Валтер Швимер , овој документ не претставува официјален документ на Генералниот Секретаријат на Советот на Европа. Неприфатлив е било каков обид за промена или субституција на нашиот национален идентитет.
19.03.2004 Скопје, Република Македонија
----
Европска Конвенција за Државјанство, 06.11.1997, Член 2а. Ибид, Глава ИИ, Член 3, 1. Утрински Весник, “Швимер го бара кртот во Советот на Европа”, 18.03.2004, п. 3.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|