|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
ПДАС „Меѓаши“ - Соо пштение за јавноста ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕТСКИ ТРУД
Потресени сме од вчерашната трагична смрт на 13-годишниот Авни Адеми од Гостивар, во сервис за миење автомобили. Овој жален случај е уште една потврда дека злоупотребата на детски труд во Република Македонија е реалност. Ова е драстичен пример за кршење на одредбите од Конвенцијата за правата на детето, Конвенцијата против најлошите форми на детски труд (182) и на Националните закони (посебно дрaстичен заради трагичниот резултат на повредите на правата на детето – со смртни последици). Генералниот заклучок е дека за жал сеуште, кај поголемиот број работодавачи отсуствува елементарното знаење, сфаќање и почитување на Законот за работни односи кој децидно вели дека е забрането вработување на деца под 15 години и Конвенцијата 182 Против најлошите форми на детски труд– ратификувана од Собранието на РМ во 2001 година.
Поради тоа, Првата детска амбасада во светот – Меѓаши го повикува Јавниот Обвинител да преземе мерки согласно националните Закони и меѓународните регулативи, односно да поднесе кривична пријава против Ф.Љ. - сопственик на сервисот за миење автомобили.
Воедно апелираме до трудовите инспектори, кои сметаме дека не посветуваат доволно внимание на работодавците кои ги злоупотребуваат децата како работна сила, и со тоа го кршат Законот за работни односи на РМ.
Во Македонија има над 18.000 деца кои не одат на училиште. Овие деца се најчести жртви на злоупотреба на детски труд.
На светско ниво има 246 милиони деца на возраст од 5-17 години чии труд се злоупотребува. Тоа е речиси популацијата на САД (293,027,571)! Од вкупната бројка за злоупотреби, околу 186 милиони се деца под 15 години. Поразувачки е дека мнозинството, односно 110милиони, се деца помали од 12 години.
Секој може да придонесе кон искоренувањето на детскиот труд. Еве неколку начини:
· Не вработувајте деца во вашиот дом или за вашиот бизнис.
· Не купувајте продукти кои се направени од деца работници или продуикти кои ги продаваат деца.
· Доколку познавате некој кој вработува деца, пријавете го веднаш!
- во полиција
- во најблискиот Центар за социјални работи
- на бесплатниот СОС телефон за деца и млади 0800 1 22 22
- во бесплатната правна служба на Амбасадата Меѓаши на телефон 02/2463 900
М-р Драги Змијанац
Извршен директор и основач
Прва детска амбасада во светот - Меѓаши
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|